Вотката ги зајакнува кутикулите на влакното, кокосовото масло е најдобро за благо виткана коса, а бананата и папајата ќе ја исправат косата, ќе ја нахранат и ќе и го вратат сјајот…Постојаното пеглање на косата со хемикалии, како и редовното користење на пегла, ја оштетува косата и ја прави слаба и лесно кршлива.Истиот ефект на рамна и сјајна коса може да се постигне и без агресивни третмани, а сите потребни намирници можете да ги пронајдете и во кујна.
ВОТКА
Славната манекенка Ева Херцигова ја користи за осветлување, но таа подеднакво е добра и за исправање на косата.Доволно е кога ќе ја измешате со регенератор и да ја нанесете на косата.Ниската ПХ вредност ќе ги исправи кутикулите и ќе ја “испегла“ косата.Но, не се препорачува пречесто користење, затоа што може да ја исуши косата.
КОКОСОВО МАСЛО
Тоа е најадекватно за благо виткана коса, а доволно е да го нанесете на влажна коса.Косата потоа треба да ја расчешлате и да ја исушите.
ЦЕЛЕР
Во блендер измешајте еден целер и додајте малку вода.Добиената мешавина ставете ја во шише со распрскувач, нанесете на косата и пуштете да делува 15 до 20 минути.Потоа измијте со шампон.
БАНАНА И ПАПАЈА
Со помош на банана и папаја лесно ќе ја исправите косата, ќе ја нахраните и ќе спречите виткање.Најдобро е да измешате една зрела банана, папаја и две лажички мед и тоа да го нанесете на косата.Откако косата во потполност ќе се исуши, треба да ја измиете и исушите. Постојаното пеглање на косата со хемикалии, како и редовното корис



