Една жена, и покрај големото излевање на нафта, јужно од Атина, се одлучи да се искапе во морето.Нозете и беа целосно прекриени со нафта, па на многумина не им е јасно зошто воопшто влегувала во водата.
Секако, оваа фотографија најдобро покажува колкави се последиците од еколошката катастрофа. Фотографијата ја направил белгиски фотограф на плажа во познатата атинска населба Палеа Фалира.
Инаку грчкиот остров Саламина беше погоден од еколошка катастрофа откако кај брегот потонал танкер со повеќе од 2.000 тони нафта.
Огромна нафтена дамка го прекрила целиот залив, а властите објавија дека се загрозени илјадници морски животни. Дамката е долга 1,5 километри, и чистењето најверојатно ќе трае четири месеци.Нозете и беа целосно прекриени со нафта, па на многумина не им е јасно зошто воопшто влегувала во водата.