„Заборавив да умрам“: Од наркоман и бездомник до сопственик на синџир барови за здрава храна!

Халил Рафати (46) денеска е мултимилионер и сопственик на синџирот бар сок-барови Санлајф ориџинс, а пред само неколку години живеел без кров над главата и бил зависник од хероин.Тој е роден во Толедо, а од семејниот дом избегал во Лос Анџелс, зашто преживеал силување. Заработувал некое време така што продавал автомобили на богати луѓе, но набрзо му се урнал животот, зашто пробал хероин.
Кобна била 2001, кога на една домашна журка во малибу намерно се предозирал и за малку што не умрел. Наредните пет години се обидувал да се исчисти, но неуспешно. Се се сменило кога влегол во светото на здравата храна.
-Во тој момент веќе го бев допрел дното. Полошо не можеше, раскажува тој за Њујорк тајмс. Потоа одлучил да основа дом за трезни во малибу, каде што и ги создал заштитниот знак на својот синџир барови – смутито Вулверин.
-Целта ми беше да ги освежам пациентите кои престојуваа кај мене. Во првите денови на трезнењето летаргијата е честа и брутална, посебно кога се извлекувате од длабоко дно по злоупотреба на алкохол и дроги и затоа овие здрави бомби многу помагаат, објаснува богаташот кој за својата одисеја ја напишал книгата „Заборавив да умрам“.

 
Stronger everyday. Exercise has been a significant and life-changing part of this journey. Thank you @shey_machida and @equinox for pushing me beyond the limits.
A photo posted by I Forgot to Die, Khalil Rafati (@iforgottodiebook) on Aug 16, 2016 at 1:03pm PDT

Тој е роден во Толедо, а од семејниот дом избегал во Лос Анџелс, зашто преживеал силување. Заработувал некое време така што продавал автомобили на

Пронајдете не на следниве мрежи: