Забранета е продажбата на антибактериски сапуни поради хемикалија што го нарушува здравјето!

Антибактериските сапуни може да тврдат дека убиваат 99,99% од сите бактерии, но нивните денови се изброени, барем во САД, пишува iflscience.Американската агенција за храна и лекови (FDA) веќе ги забрани сите производи кои тврдат дека се „антибактериски“, „антимикробни“ или „антисептички“ – се наведува дека тие не се подобри во споредба со обичниот сапун и топла вода, а претензиите дека се корисни за здравјето се без основа.
„Корисниците може да мислат дека антибактериските сапуни се поефикасни за спречување на ширењето на бактериите, но немаме научни докази дека се подобри од обичен сапун и вода“ – објаснува Џенет Вудкок, директор на Центарот за оценување и испитување на лековите во FDA и додава:
„Всушност, некои податоци покажуваат дека антибактериските состојки може да предизвикаат повеќе штета отколку корист на долг рок.“
Предлогот на FDA за забрана на овие производи е од 2013 година, тогаш им беа дадени три години на производителите да обезбедат докази дека нивните тврдења имаат причина. Дадените докази беа незадоволителни или компаниите едноставно ги игнорираа барањата. При недостаток на докази, има претпоставка дека специфични хемикалии кои се користат во некои производи се штетни, а FDA одлучи да ги забрани сите антибактериски сапуни кои имаат една или повеќе од 19 одредени хемикалии.
Еден од нив е триклозанот. Развиен уште во 1960-те како антимикробно средство за употреба во болници, подоцна се додава во течни сапуни во 1980-тите и тие се продаваат за домашна употреба. Но, последните истражувања поврзани со повторната употреба на триклозан, покажуваат дека предизвиканата промена во микробиомот во човечките црева, може да има неповолни здравствени проблеми.
Не само тоа, туку сме и во контакт со хемикалии многу подолго од времето кое е потребно за да си измиеме рацете. Некои антибактериски сапуни имаат доста несакани ефекти да предизвикаат антибиотска отпорност на бактерии, со кои може да се справиме со пониски концентрации на хемикалии, нешто што создаде голема загриженост на глобално ниво.
FDA не вели дека треба да престанеме да ги миеме рацете, туку едноставно дека „миењето со обичен сапун и вода останува еден од најважните чекори што корисниците можат да ги преземат за да се избегнат заразите и да се спречи ширењето на бактерии“.
Многу производители како Proctor & Gamble веќе почнаа постепено да ги бришат од употреба многу од хемикалиите во своите производи.Американската агенција за храна и лекови (FDA) веќе ги забрани сите производи кои тврдат дека се „антибактериски“, „антимикробни&

Пронајдете не на следниве мрежи: