Приказната за младите и заљубени момче и девојка од Подгорица,кои поради забранетата љубов решиле да си ги одземат животите скокајќи во река држејќи се за рака, сега добива и свој епилог.
Имено осумнаесет годишната Анела Колјеновиќ и нејзиниот две години постар сакан Зекрија Кабаши за малку не се удавиле во ладната вода на реката во која скокнале, бидејќи од сигурна смрт ги спаси полицајцијата. Анела за балканските медиуми ја раскажа нејзината тажна судбина.Таа откри дека на денот кога скокнале во водата, се шетале покрај реката кога од некаде ги видела нејзината мајка и нејзин познаник кои започнале да фрлаат со камења по нив за да ги убијат.На нападот се приклучил нивниот брат. Анела кажува дека единествено што им преостанало е да скокнат во ладната река, а Зекрија за малку и ќе настрадал затоа што западнал во вртлог во реката. Анела и Зекрија се заедно веќе три години, а нивните родители за врската дознале пред година и пол, од кога и започнаа маките на Анела, бидејќи мајка и и брат и и забранувале да се гледа сонејзиното момче.Сега Анела ги напушти своите родители и го продолжила својот живот заедно со Зекрија.
Извор: republika.mkПриказната за младите и заљубени момче и девојка од Подгорица,кои поради забранетата љубов решиле да си ги одзема