Забрането користење на Facebook за вработените во ХРТ

Горан Радман директорот  на Хрватската радио телевизија, утврди нови правила на однесување на вработените, според кои новинарите нема да можат да бидат активни на Facebook.
Исто така нема да смеат јавно да истапуваат на социјалните мрежи како и јавно да ги напаѓаат своите колеги. 
„Никому не му е дозволено да ги користи социјалните мрежи или блогови за изразување на лични мислења и ставови, кои би и штетеле на ХРТ или би го предизвикале прашањето за нивната незвисност или непристрасност“, се наведува во Етичкиот кодекс за новинари и креативен персонал на ХРТ.
Вработените мораат да внимаваат и да водат сметка за објективноста, непристрасноста и транспарентноста. Секоја ситуација која во работата помеѓу вработените би можела да се сфати како судир на интереси, задолжително е да се избегне и да се пријави на меродавните служби.Горан Радман директорот  на Хрватската радио телевизија, утврди нови правила на однесување на вработените, според

Пронајдете не на следниве мрежи: