Подуениот стомак кој и тоа како го чувствуваме кон крајот на денот е проблем со кој се соочуваат многу жени. Ако сакате брзо и лесно да се ослободите од надуеноста, и да изгледате убаво, ви носиме 24 совети за 24 часа пред журка со ко максимално ќе го „испеглате стомакот“!1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој ќе го забрза варењето и ќе ја спречи надуеноста на стомакот. Дознајте ЗОШТО, КАКО и КОГА да пиете чај од ѓумбир на следниот ЛИНК
2. Наместо појадок направете омлет од белки.
3. Изедете банана. Таа е преполна со калиум кој го регулира задржувањето на вода во телото.
Сакате банани? Тогаш многу лесно „ќе се стопите“ во пределот на стомакот – Прочитајте како на следниот ЛИНК
4. Од исхраната исфрлете кромид, артичок, пченка, карфиол, кељ, спанаќ и печурки. Овие намирници се здрави, но предизвикуваат надуеност.
Прочитајте го овој домашен лек против надуеност, гасови и подригнување – На следниот ЛИНК
5. Заборавете на гумите за џвакање бидејќи со џвакањето голтате воздух кој ќе ви го пудуе стомакот.
6. Избегнувајте слатки и енергетски чоколатца кои содржат житарици и засладувачи.
7. Уживајте во јадењата со магданос бидејќи е силен диуретик и регулатор на варењето на храната.
8. Уживајте и во темното чоколадо кое содржи 70% какао или повеќе.
9. Oд наутро јадете повеќе мали оброци и тоа секои 3 до 4 часа. Тоа ќе го поттикне варењето.
10. Јадете полека. Така ќе проголтате помалку воздух, а добро изџваканата храна брзо ќе се преработи.
11. Соковите заменете ги со лимонада. Пијте многу вода бидејќи лимонот е силен диуретик, а хидратацијата го забрзува метаболизмот.
Зошто е добро да пиете лимонада секое утро? – Прочитајте ТУКА
12. Избегнувајте пиење од сламка, бидејќи така ќе проголтате повеќе воздух.
13. Избегнувајте слатки и газирани напитоци. Меурчињата и шеќерот се најлоша комбинација за вашиот стомак.
Еве што може да ви се случи ако пиете по 2 чаши газиран сок на ден – Прочитајте ТУКА
14. Белиот леб и тестенините заменете ги со оние од цели житарици, бидејќи се богати со влакна кои се клучни за варењето на храната.
15. Избегнувајте мрсна храна бидејќи е тешка за преработка.
16. Избегнувајте алкохол, барем до следната забава, бидејќи може да ја наруши црвената флора и да предизвика надуеност.
17. 15 минути од денот искористете за пешачење. Тоа ќе го забрза метаболизмот.
18. Во текот на денот испијте уште еден чај од ѓумбир и цимет.
19. Прескокнете го млекото и сирењето бидејќи тие кај возрасните може да предизвикаат надуеност.
20. Напијте се пробиотик кој е преполн со добри бактерии кои го регулираат варењето.
21. Денот претходно прескокнете ја вечерата или таа нека биде порано и многу лесна.
22. Направите купка од шолја горка сол. Магнезиумот од горката сол ќе го поттикне потењето со кое ги исфрлате течностите од телото.
23. Чувајте се од солена храна. Солта ја задржува водата во телото.
24. Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие нема да предизвикаат надуеност, но ќе ве заштитат. 1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој ќе го забрза варењето и ќе ја спречи надуеноста на стомакот. Дознајте ЗОШТО, К



