Забрзајте го растот на косата со овие практични трикови!

Долгата коса секогаш била симбол на женственост, а во последно време е апсолутен тренд. Доколку сакате за кратко време да го забрзате растот на вашата коса, применете ги следните трикови:Косата месечно расте околу 1,5 цм. Многумина мислат дека тоа е прилично споро и голем дел од времето го трошат барајќи лек за побрз раст. Претражуваат на интернет, се распрашуваат во аптеките и фризерските салони… Ако и вие припаѓате во оваа група, тогаш овој водич е создаден за вас.
Производите кои се богати со биотином, поддржуваат побрз раст на влакното. Затоа често јадете јајца, соја, интегрални ѓитарици, лосос и туна. Витамините Б и Ц, како и минералот цинк, се исто така битни за квалитетот на косата.

Блага масажа на темето во времетраење од 30-60 секунди, ја поттикнува циркулацијата. Важно е тоа да го правите секојдневно, а особено кога ја миете косата.
Рицинусовото масло е магично за растот на косата. Потребно ви е лажица од ова масло, жолчка од јајце и лажица јаболков оцет. Се меша и се става на косата 2 часа пред да ја измиете.
Исто така треба редовно да ја потстрижувате косата.
Уште еден важен трик, ако сакате вашата коса да расте побрзо, е да избегнувате стресни ситуации! Стресот влијае на растот и квалитетот на косата. Ако сте долго време напнати, вознемирени и депресивни, тогаш и вашата коса ќе изгледа безживотно. Ќе почне да опаѓа, ќе стане крута и без сјај. Може да се појави и првут. Затоа избегнувајте стресни ситуации!Косата месечно расте околу 1,5 цм. Многумина мислат дека тоа е прилично споро и голем дел од времето го трошат барајќи лек за побрз раст. Претражув

Пронајдете не на следниве мрежи: