Со наближување на денот на избори, пропорционално се зголемува паниката на СДСМ и лагите во нарачаните анкети на Агенцијата Фактор Плус Адрија од Србија.Зад оваа нерелевантна српска агенција се крие компромитираната Рускин и Хант чии први луѓе во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, а токму истите го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Оваа последна анкета нарачана од Србија се коментира како раст на нервозата во редовите на СДСМ со наближувањето на изборите и потребата барем пред своите симпатизери да прикажат дека се доближуваат до рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Саркастично познавачите оценуваат дека дури и на нарачаните анкети СДСМ заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ, иако веќе е евидентно дека креаторите на оваа анкета ја намалиле разлика со цел непосредно пред изборите да прикажат дека СДСМ води.
По правило ваквите анкети се појавуваат секогаш кога некоја релевантна агенција за мерење на јавното мислење ќе излезе со анкета во која СДСМ и нивните политики тонат со рејтинзите. Така беше и со анкетите кои ги објавија Брима Галуп и ИРИ, така е и сега по објавувањето на рејтинзите од страна на институтот Павел Шатев.
Според анкетата на Институтот Павел Шатев , на предвремените избори на 5ти јуни за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 37.9 отсто од граѓаните додека за СДСМ ќе се определат 16.1 отсто.Предноста на Груевски пред Заев е уште поизразена. Дури 52.3 проценти од испитаниците би го избрале Груевски за иден премиер. 19.01 отсто сметаат дека владата може да ја предводи Зоран Заев.
Овој обид да се контрира на релевантните рејтнизи со нарачка на анкети се смета за провидно сценарио на СДСМ кое во јавноста не поминува. Експертите очекуваат дека резултатите и разликите во гласови од последните избори во најмала рака пак да се повторат, а можно е и да бидат повисоки со оглед на црната кампања која ја води СДСМ, наместо конкретна понуда со програма и проекти.Зад оваа нерелевантна српска агенција се крие компромитираната Рускин и Хант чии први луѓе во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа м