Зачувајте ја бојата на вашите фармерки!

Фармерките, после одредено време почнуваат да избледуваат, особено оние од темен тексас. За да го избегнете ова, придржувајте се на овие 5 совети.-          Фармерките секогаш перете ги превртени наопаку и секогаш со темна облека.
–          Перете ги само на ниски температури и најдобро е да ги перете на рака. Потопете ги во ладна вода со детергент за перење и оставете ги 15 минути да отстојат, па потоа исперете ги. Топлата вода побрзо ја вади бојата.
–          Избегнувајте да ги сушите фармерките во сушилница. Високите температури го оштетуваат материјалот, а покрај губењето на бојата, може и да се деформираат фармерките.
–          Во вода додадете поголема количина сол и потопете ги фармерките. Оставете ги да отстојат околу час и половина, а потоа исперете ги во машина за перење. Без разлика дали сега сте ги купиле или веќе ги имате носено неколку пати, оваа постапка ја фиксира бојата.
–          Новите фармерки перете ги со оцет. Додадете една шолја алкохолен оцет во преградата за детергент, а фармерките исперете ги на програма за ладно перење без детергент и омекнувач. Оцетот ја фиксира бојата.-          Фармерките секогаш перете ги превртени наопаку и секогаш со темна облека

Пронајдете не на следниве мрежи: