Познатиот руски шоумен и влијателен твитерџија, Александар Белов, ја разбрани јавноста кога на социјалните мрежи го сподели своето мислење за фотографијата која била снимена пред едно московско кафуле, а на која се гледа обезбедување со автоматски пушки.Кога пошироката јавност дозна за фотографијата, веднаш беа покренати разни дебати. Можеле да се сретнат различни мислења, но сите се сложиле околу една работа – во кафулето мора да се наоѓал некој политичар или олигарх.
Според Белов, тие не биле во право. Тој тврди дека обезбедувањето ја чувало поранешната олимписка гимнастичарка и наводно Путиновата девојка, Алина Кабаева.
Да потсетиме, рускиот лист „Moskovsky Korrespondent“, во 2008 година пишуваше за тоа дека Путин и Кабаева тајно се вериле. Путин остро ги демантираше овие изјави. Минатата година, Путин се разведе од Људмила, а неговиот портпарол изјави дека оттогаш ниедна жена не била дел од неговиот живот.
Но, останува да видиме дали оваа фотографија ќе открие нешто повеќе…
Если ещё не читали, как Алина Кабаева ходила кофе пить, то почитайте https://t.co/om8EvFXKhC pic.twitter.com/X1MVjt8mXn
— Alexey Navalny (@navalny) December 22, 2014
Кога пошироката јавност дозна за фотографијата, веднаш беа покренати разни дебати. Можеле да се сретнат различни мислења, но сите се сложиле околу