Сексуалното возбудување се случува, но што навистина се крие зад супер жешките секс сцени?Често се повикувани на помош кореографи и танчери бидејќи потребно е многу труд физичката привлечност на екраните да изгледаат спонтани, грациозни и шармантни. Ништо не се препушта на случајот!
Гениталиите се покриени. Иако на некои актери и актерки им е удобно да бидат без ништо на себе, по правило, гениталиите се речиси секогаш покриени. Пенисите се покриваат со чорапа со боја на кожа, а снимањето не престанува дури ни ако актерката има менструација.
Многу актери за секс-сцените користат двојник, а посебно кога се работи за повеќечасовно снимање, бидејќи во спротивно постои ризик од модринки, замор и разни повреди и истегнувања.
Понекогаш се случува да има и ерекција, а понекогаш и не. Еден актер кој сакаше да остане анонимен изјави дека најважно му е партнерките да не го сфатат на погрешен начин – да не ги изненади непријатно ако дојде до ерекција, а да не се ни чувствуваат непожелно ако не дојде до ерекција.
Телата на актерите се обработуваат со помош на шминка за да изгледаат беспрекорно и на актерите да им биде колку што е можно поудобно во сопствената кожа. Се нанесува и лажна пот за да се постигне ефект на страст. На лицето се нанесува вазелин, а на телото комбинација од масло за бебиња и вода.
Срамните влакна најчесто се лажни, а уметниците што ги нанесуваат постојано се усовршуваат во оваа техника, а посебно во последните години во кои е се повеќе популарна бразилската депилација, што подразбира целосно отстранување на влакната.Често се повикувани на помош кореографи и танчери бидејќи потребно е многу труд физичката привлечност на екраните да изгледаат спонтани, грациозни