Задолжително еден портокал дневно!

Еден портокал содржи најмногу антиоксиданси од сите овошја, го стимулира варењето на храната, го намалува холестеролот и штити од кардиоваскуларни болести – портокалот е вистински крал на овошјата.Портокалот е вреден извор на витамини и минерали: витамин Ц, тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, фолати, калиум, калциум и магнезиум. Поради минералниот состав има реминерализирачко својство – помага во отстранување на токсините од човековиот организам. Доколку се користи кората, многу е важно плодот да биде одгледуван органски, без пестициди и други хемиски средства.
Eден портокал дневно:
Го подобрува изгледот на кожата и косата
Намалува крвен притисок
Помага при болести на респираторен систем
Намалува воспаление при артритис
Го заштитува кардиоваскуларниот систем
Спречува напади на жолчка
Чува од настинка и грип
Штити од многу видови рак

Ја подобрува ресорпцијата на железото, учествува во создавање на колаген и ја подобрува одбрамбената способност и виталност на организмот,овој витамин помага во борба против замор, настинка и грип.
Делува како антиоксиданс во профилакса на некои видови карциноми и кардиоваскуларни болести. Содржи и полисахарид-пектин кој се врзува со жолчните киселини и во цревата формира гел кој пак ја покрива слузницата и на тој начин ја намалува апсорпцијата на масти и холестерол.
Овој пектински гел ги обложува цревата и спречува апсорпција на шеќери после оброк, што е од особена важност во исхраната на дијабетичари. Флавоноидите имаат докажано против- воспалително, антиалергиско и антивирусно  дејство. Го зголемуваат дејството на витамин Ц и ја подобруваат неговата ресорпција.Портокалот е вреден извор на витамини и минерали: витамин Ц, тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, фолати, калиум, калциум и магнезиум. Поради

Пронајдете не на следниве мрежи: