Задоволете ја вашата потреба за слатки без еден грам шеќер

Само вистинските зависници од слатки знаат какво е чувството кога ќе ви “падне шеќерот”. Многумина се подготвени да прекинат сè што работат, само за да отидат до фрижидерот или до продавница по својата дневна доза на слатки.Сепак, нутриционистите велат дека желбата за слатки понекогаш можете да ја задоволите и со помош на намирници кои не содржат ниту грам шеќер.  
Овие се некои од нив:
Цимет
Кога ќе добиете желба за слатки, во кафето додадете една лажичка цимет. Иако овој зачин не е сладок, нашиот мозок го поврзува со десерти како колач и пита, па на тој начин креира илузија за слатки. Можете да го додадете и во овесна каша или јогурт.
Екстракт од ванила
Капка-две од ваквиот екстракт го трансформира вкусот на пијалокот или храната во неповторливо гастрономско искуство.
Банана
Пробајте мафини или палачинки во кои наместо шеќер ќе додадете една испасирана банана. Ова овошје со висок процент на фруктоза ќе го заслади вашиот десерт и ќе му ја даде потребната сочност.
Сок од цеден лимон или портокал
Речиси и да нема храна која малку цеден сок од портокал нема да ја “поправи”. Додадете го овој слатко-горчлив сок во вашиот омилен десерт, супа или прелив за салата со што ќе ја задоволите вашата потреба за слатки.
 Сепак, нутриционистите велат дека желбата за слатки понекогаш можете да ја задоволите и со помош на намирници кои не содржат ниту грам шеќер. 

Пронајдете не на следниве мрежи: