Со насмевка на лицето и ножиците во рака, Зоран Заев вчера без срам ја пресече црвената лента како знак на отворање на фабриката на американски „Адиент“ (поранешен Џонсон Контролс) во ТИРЗ Струмица, инвестиција потпишана и реализирана во време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ.Токму СДСМ во 2015 година во една од своите реакции наведуваше дека е неприфатливо што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски сече црвени ленти, како и дека странските инвеститори трошат државни пари. Дополнително беше наведено дека компанијата „Џонсон контролс“ користи државна помш и не плаќа даноци.
Две години подоцна, Заев ја пресече црвената лента на инвестицијата која е договорена, потпишана и реализирана во време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ. Срамот е дотолку поголем што се работи за истата компанија, односно „Џонсон контролс“ која партијата на Заев ја напаѓаше дека користи државна помош и не плаќа даноци.
Без тронка чувство на вина за критиките во јавноста, Заев сечеше лента на инвестиција која ја напаѓаше и која во Македонија ја донесе ВМРО-ДПМНЕ. Звучи иронично, но досега најголемата и единствена инвестиција која Заев ја промовираше е токму онаа донесена во земјава во ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, компанијата во својата фабрика ќе произведува на навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата е 20 милиони американски долари и ќе вработи над 1.300 лица.
Со вчерашното отворање на фабриката на „Адиент“ заживува технолошко-индустриската развојна зона Свидовица во Струмица која располага на 25 хектари. Компанијата во Струмица освен сегашните скоро 13 илјади квадрратни метри имала закупено 38.500 квадратни метри и постои можност за нејзино проширување. „Адиент“ има 230 погони во 33 земји од светот со над 75.000 вработениТокму СДСМ во 2015 година во една од своите реакции наведуваше дека е неприфатливо што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски сече црвени лент