Реализација на неколку инфраструктурни проекти кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето на новата Влада најави денеска Антонио Милошоски.
Станува збор за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, нов патен правец од Кичево до Дебар преку Бошков мост, како и автопатска делница од Струга до Требеништа, проекти кои ќе отворат нови работни места и за кои како што вели Милошоски, граѓаните го дале својот глас на парламентарните избори.
Милошоски порача дека лидерот на опозицијата не ја доби довербата на граѓаните и оти треба да си го одржи зборот и да ја поднесе најавената оставка.
Автопатот од Кичево до Гостивар, како што е предвидено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се гради во должина од 42 километри, со две коловозни ленти широки по 3,75 метри и по една застанувачка лента во двата правци.
Исто толку ленти ќе има и автопатот од Струга до Требеништа, што ќе биде во должина од 8,5 километри.Станува збор за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, нов патен правец од Кичево до Дебар преку Бошков мост, како и автопатска делница од