Во Основниот суд Скопје 1 за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев. До сега сите закажани рочишта за овој случај беа одложувани.На претходното рочиште кое се одржа на 3 април, судијката Дијана Груевска-Илиевска го прифати барањето на одбраната на Заев, обвинителството за организиран криминал и корупција да им достави копии од доказите во случајот.
Според обвинението, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 162.924 евра, односно по 2 евра од квадратен метар градежно земјиште во Струмица за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Едната половина, според обвинителството требало да биде за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.На претходното рочиште кое се одржа на 3 април, судијката Дијана Груевска-Илиевска го прифати барањето на одбраната на Заев, обвинителството за орг