Заев договарал цензура за македонските медиуми

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, според бугарските медиуми, најверојатно ќе биде потпишан на 1-ви август вечерта, наместо на 2-ри како што претходно беше соопштено. Медиумите во Бугарија пишуваат и дека работна група се наоѓа во Скопје каде се договараат последните детали, по што договорот ќе биде ратификуван.И додека македонската влада молчи за содржината на договорот, која според историчарите и предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ е штетен за Македонија, информациите објавени во бугарските медиумите говорат дека после потпишувањето на договорот ќе се формираат комисии кои имаат за задача да ја следат реализацијата на обврските од договорот, но и дали во медиумите се објавуваат негативни статитии.
-Во него се предвидува формирање на работна група за т.н. заедничка историја. Во неа треба да влезат претставници на научните кругови, општественици, историчари. Три месеци по ратификацијата таа треба да се собере, a целта е да надгледува дали двете земји го исполнуваат договорот и ќе се следи дали продолжуваат да се објавуваат негативни статии во македонските медиуми, пишува бугарски „Блиц“.

Бугарските медиуми пишуваат и дека Бугарија планира да го ратификува договорот за добрососедство со Македонија во ОН и на тој начин да му даде обврзувачки карактер.
Македонските медиуми минатата недела пишуваа дека под превезот дека ќе бидат владини советници, новиот премиер Зоран Заев формира платен список на историчари кои ќе треба безочно да го бранат или да молчат за договорот за добрососедство со Бугарија, за кој јавноста се уште нема информации што договорил Заев во Софија.
Дополнително, бугарските медиуми најавуваат и засилена дипломатска иницијатива на Бугарија. По трипартитната средба во Атина на највисоко ниво меѓу Грција, Бугарија и Србија, Софија оди во Белград и Тирана. Медиумите за посетата во Тирана најавуваат отворање на прашањето за признавање на бугарското малцинство во Албанија.И додека македонската влада молчи за содржината на договорот, која според историчарите и предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ е штетен за Македонија, инф

Пронајдете не на следниве мрежи: