Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска докажа дека не се откажува од тиранската платформа и само преку ефтини маниупулации со кои ја навредува интелигенцијата на македонските граѓани се обидува оваа платформа направена во туѓа држава да ја протне на мала врата.Откако Заев денеска најпрво рече дека нема двојазични пари, химна, знаме, затоа што уставните експерти кажувале дека тоа било спротивно на уставните одредби, потоа самиот се демантираше и изјави дека уставните експерти на ДУИ можеле да кажат нешто друго.
-Уставните експерти што ги консултираме се на ставот дека денарите, банкнотите се користат на целата територија на Република Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби за употреба на македонскиот јазик, јазикот што го зборуваат повеќе од 20% од населението во Република Македонија, изјави Заев, за потоа да рече:
-Нам тоа ни го кажале уставните експерти, можеби на нив, можеби во јaвноста експертите ќе кажат нешто друго…
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев денеска конфузно се обиде да ги излаже граѓаните, ја прочита програмата на СДСМ и се сокри зад празните флоскули дека ќе се дискутирало во иднина за химната, за грбот, за знамето, но и дека за тоа ќе одлучувале експерти.
-Граѓаните на Македонија на зиборите не гласаа за експерти, тие гласаа за политичари. Заев ссвојата прифатена уцена се обиде да ја сокрие зад идните дебати на експертите, експертите на ДУИ и експертите на СДСМ, кои се тие и какви ставови ќе имаат, што усогласиле и што ќе одлучат политичарите од СДСМ и од ДУИ и од партијата на Зијадин Села врз база на мислењето на тие експерти. Заев смета дека граѓаните се наивни и дека вакви фрази за идни експертски дебати ќе ја релативизираат неговата позиција во која што тој прифаќа една уцена која што е на штета на унитарниот карактер и стабилноста на Република Македонија. Затоа неговите манипулации за наводни дискусии и идни експертски стручни расправи од типот на експертите на професорот Фрчкоски и Осман Кадриу се само еден невешт и потценувачки обид да ги измами граѓаните уште еднаш, рече на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со измислените дебати кои би се воделе по сите отворени прашања, рече Милошоски, Заев остана со отворена врата за целосна реализација на платформата од Тирана и затоа неговото денешно обраќање го цениме како привремено купување на време и фасадирање на граѓанското незадоволство на кое тој е сведок од политиките кои што ги води СДСМ со прифаќање на сите уцени само за да се дојде на власт, иако беа партија која што ги изгуби зиборите.Откако Заев денеска најпрво рече дека нема двојазични пари, химна, знаме, затоа што уставните експерти кажувале дека тоа било спротивно на уставнит