Државната изборна комисија (ДИК) е демократска независна институција на којa и се радуваме сите. Ова се зборови искажани од опозицискиот лидер Зоран Заев пред само неколку дена.-Оттука, создадовме две независни институции на којшто се радувавме сите, надевајќи се дека ќе го прошират амбиентот на демократски институции во Република Македонија. Една од тие институции е Државната изборна комисија, рече Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ одржана на 7-ми парил годинава, односно пред само девет дена.
Токму оваа, како што вели Заев, демократска независна институција создадена токму од СДСМ, како што самиот тврди, вчера со двотретинско мнозинство одлучи дека има услови за одржување на кредибилни избори на 5-ти јуни.
ДИК се изјасни дека е подготвена за спроведување на изборите и со ова веќе нема никакви дилеми и изговори за организирање на изборите на 5 јуни. Се потврди дека Избирачкиот список нема никакви фантоми како што тврдеше СДСМ. Списокот на гласачи беше проверен по сите основи, па дури првпат беше спроведена и теренска проверка. Таа покажа дека списокот е чист и дека тој и досега редовно се ажурирал.
Но, за Заев тоа не значи ништо. Тој останува на ставот за бојкот на изборите и покрај исполнетите услови и покрај добиената потврда од институцијата за која тој самиот вели дека е “демократска независна институција на која и се радуваме сите“. Дури и на оние што имаа најмал сомнеж, сега им е кристално јасно дека поради катастрофалниот рејтинг, а не поради неисполнети услови, Заев бега од избори како ѓавол од темјан, бидејќи самиот знае дека народната волја ќе биде катастрофално поразителна за него и неговата партија, притоа обидувајќи се целата држава да ја вовлече во мрачно сценарио како она во Украина при што последиците ќе бидат несогледливи.
Исто така, не држат ниту тезите поврзани со реформи во медиуми и медиумската слобода како алиби за неизлегувањето на избори, бидејќи токму Заев деновиве не е излезен од телевизиските екрани. За само три дена, Заев во услови на “диктатура, недемократија и немање слобода“ имаше интервјуа на три национални телевизии. Средата гостуваше во „Топ тема“ на Телма, во четвртокот беше гостин во емисијата „Патот кон“ на Алсат, додека вчера гостуваше во „24 Анализа“ на 24 Вести.
Граѓаните веќе одамна го препознаа сценариото на опозицискиот лидер, чии деструктивни политики водат кон насилство, агресија, напад врз полициските службеници, хаос, безредие, анархија, се’ со цел да се избегне соочување со волјата на мнозинството граѓани и да се спаси сосптвената кожа. Тие му порачуваат на Заев ако е толку убеден дека народот го поддржува, како што тврдеше во вчерашното интервју дека “цело Скопје“ излегло на протест, тогаш нека собере храброст да излезе на изборите на 5-ти јуни, па да се види конечно кого поддржува мнозинството граѓани, дали неговата деструктивна политика поддржана од соросовите платеници која води кон разнебитување на државата, или пак онаа на актуелната власт која нуди нови вработувања, поголеми плати, пензии, подобар животен стандард и конкретни проекти за решавање на проблемите на граѓаните.-Оттука, создадовме две независни институции на којшто се радувавме сите, надевајќи се дека ќе го прошират амбиентот на демократски институции во Р