Провокациите на Зоран Заев и неговата партија СДСМ доведоа до крвопролевање. Откако СДСМ насилно и противзаконски го избра Талат Џафери за претседател на Собранието, народот во четвртокот влезе во Собранието за да го врати во своите раце. Заев го предизвика македонскиот народ со Тиранската пларформа која почна да ја спроведува токму со нелегитимниот избор на Џафери за претседател на законоданиот дом.Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен претседател на Собранието, Талат Џафери. Па токму затоа, народот ја превзема работата во свои раце. Граѓаните влегоа во Собранието на Република Македонија, целосно го завземаа и седнаа на претседателското столче во законодавниот дом.
Народот во Собранието влезе откако само еден час претходно пратениците од СДСМ го избраа нелегитимниот претседател на Собранието Талат Џафери, се закануваа, ја пееја албанската химна од пратеничката говорница и најважното е тоа што на снимките се гледа дека има околу 50 пратеника кои божем гласаат за незаконскиот претседател на парламентот.
Овие потези на СДСМ и Заев очигледно беа крајните, по две годишната криза во која партијата поради лични интереси на раководството ја турна Македонија во тешка ситуација, во почетокот на реализиција на платформата од Тирана со која се предвидува федерализација на Македонија, воведување на двојазичност, промена на знамето, химната и националниот грб.
Инаку, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостување во „Топ тема“ на Телма излезе со тврдење дека тој ја дал наредбата да се пука и да се испровоцира гневот на граѓаните при вчерашните насилства во Собранието.
-Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати, рече Заев.
Останува отворено прашањето дали ќе има ли одговорност за полицискиот службеник, кој спротивно на процедурите барал совет од Заев дали да употреби огнено оружје во Собранието пред десетици луѓе, ризикувајќи ги нивните животи.
Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен пр