Зоран Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата што ќе се избира на задутрешниот, 22. редовен конгрес, кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, јавуваат сдсмовските медиуми повикувајќи се на извори во партијата. И покрај тоа што Заев е двоен губитник на изборите, тој е единствен кандидат за претседател, факт што ја доведува во прашање демократијата во СДСМ.На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата, бидејќи мандатот на сегашниот истекува во јуни.И додека соросовите медиуми бараат оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој има 11 последователни победи на изборите во Македонија, човекот кој има низа последователни порази и двоен губитник на изминатите два парламентартни циклуса е единствен кандидат за претседател на СДСМ.
-Зоран Заев беше вршител на должноста претседател на СДСМ 2008-та година, а тогаш СДСМ ги изгуби локалните и парламентарните избори во Република Македонија. Во 2014 година повторно лидер на СДСМ е Зоран Заев и повторно ги губи изборите и парламентарните и претседателските избори. На 11 декември 2016 година Зоран Заев повторно е лидер на СДСМ, тој ги губи парламентарните изборите од пред четири месеци со 20 илјади гласа разлика во корист на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, анализираше во една од своите претходни емисии новинарот Васко Ефтов.
Тој потенцираше и дека ако ги мериме резултатите на изборите кога тој е носител во четвртата изборна единица тогаш бројот на пет порази се зголемува на осум, односно девет политички порази на Зоран Заев на македонската политичка сцена. 2008, 2011 и 2014 Зоран Заев ја губи политичката битка, а истото се случи и во 2016 година кога Заев беше поразен од Груевски.
Ваквите аргументи говорат дека СДСМ е без демократија, а партијата која постојано говори за тоа всушност не ја практикува. СДСМ спроведува целосно затворена и недемократска постапка за избор на претседател кој зад себе има само порази. Во СДСМ имаат еден избор и ќе гласаат на гласачко ливче со еден и единствен кандидат, како во време на претходниот систем.На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата, бидејќи мандатот на сегашниот истекува во јуни.И додека соросовите медиуми бараат оставк