Секој човек кој држи до своите чест и углед, доколку е обвинет за криминал ќе инсистира да си го обели образот и да ја докаже својата невиност. Секој кој што е чесен и убеден дека работел по закон. Зоран Заев не е тоа. Зоран Заев знае дека е виновен за случајот „Пуч“ и има цврсти докази против него и против Зоран Верушевски. Затоа, Зоран Заев втора недела молчи за аболицијата што му ја подари Катица Јанева, исто како што молчеше и за случајот „Глобал“, веалт од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференција на Дарко Костовски.
Со денови молчи и СЈО за скандалозното повлекување на обвинението во случајот „Пуч“.
Со оваа одлука СЈО и Катица Јанева само потврди дека работи за класична политичка испостава која по директива мораше да го заштити чадорот кој протекува од сите страни.
За каква фактичка состојба говори СЈО, кога крајно непрофесионално не ги зеде предвид фактите и доказите кои целата јавност ги виде. СЈО се направи слепо за заканите од Скајп комуникацијата во која се зборуваше за заштита од чадор, за граѓанска војна, и за украинско сценарио. СЈО се направи слепо и за видеото на кое се гледа уцена и закана од страна на аболицираниот криминалец. На крајот СЈО направи крајно непрофесионален преседан и го уништи признанието на еден од обвинетите, Ѕвонко Костовски, во кое ја призна целта и начинот на кој се вршело нелегалното прислушкување организирано и спроведено од самиот Верушевски.
За предметот „Пуч“ имаше правосилен обвинителен акт, покрепен со бројни докази на кои работеа органите на прогонот. Откажувањето од „Пуч“ беше откажување од заклетвата дека ќе се работи согласно Уставот и законите и ќе ги штитат интересите на државата и граѓаните. СЈО покажа дека не било формирано да го расчисти нелегалното прислушкување, туку за да го спасува криминалецот Зоран Заев и организацијата која ја направи Верушевски, кои две ипол години ја држеа нашата држава во заложништво.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференција на Дарко Костовски.
Со денови молчи и СЈО за скандалозното повлекување на обви