Под превезот дека ќе бидат владини советници, новиот премиер Зоран Заев формира платен список на историчари кои ќе треба безочно да го бранат или да молчат за договорот за добрососедство со Бугарија, за кој јавноста се уште нема информации што договорил Заев во Софија.Се ближи денот кога Македонија и Бугарија ќе треба да го потпишат договорот за добрососедство кој беше најавен при посетата на Зоран Заев и Никола Димитров во Софија, каде остварија средби со своите бугарски колеги и се поклонија пред споменикот на кој Цар Самоил е означен како „бугарски цар“.
Во таа прилика Заев најави дека премиерот на Бугарија со која сме имале заедничка историја, на 2-ри август ќе дојде во Македонија заеднички да го чествуваме Илинден, па потоа да го потпишеме договорот со нашиот источен сосед. Но, содржината на договорот за македонските пратеници и јавност остана тајна, за разлика од Бугарија каде веќе беше оценуван од комисијата за надворешни работи и е достапен за секој пратеник, како што известуваат тамошните медиуми.
Македонија и Бугрија го усогласија текстот на договорот за добрососедство чија цел е решавање на долгогодишните спорови и тензии, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Ројтерс.
– Постигнавме компромис за текстот. Потпишувањето на договорот за добрососедство ќе ја зголеми довербата меѓу нас, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да создаваме пријателства во регионот, вели Димитров.
Најавите на Заев дека ќе славиме заедничка историја со Бугарија, чија неофицијална позиција кон Македонија е дека нашата историја е фалсификат, беше дочекана со воодушевување и восхит кон Заев од тамошните екстремни националисти. Таквите го величаат Заев за неговото отворање и виткање на кичмата кон Бугарија, што тој најави и дека ќе го стори кон сите соседи на Република Македонија во однос на нивните забелешки за нашето постоење и право на држава.
Со цел антимакедонскиот договор да помине во земјава без последици, нашите информации говорат дека новата влада и Заев формираат платен список на историчари, наводни советници, кои ќе треба да го бранат или да го премолчат договорот со Бугарија кој е на штета на Македонија и македонскиот народ.
Токму поради ова јавноста е и повеќе од заинтересирана за да ги дознае деталите од договорот со Бугарија, но досега нема ниту транспарентност ниту отворање дебата за прашањата од јавен интерес, што беше декларирана програмска определба на Зоран Заев и владата на СДС.
-Владата на Република Македонија ги промовира принципите на транспарентност, отчетност и инклузивност за сите политики во процес, вклучуваќи ги и меѓународните. Граѓаните ќе бидат редовно и темелно информирани. Одлуките за нив ќе се носат во Собранието на РМ од страна на пратениците избрани од граѓаните – стоело во одговор од Владата на новинарско прашање на Плусинфо во врска со барањето за увид во договорот за добрососедство со Бугарија од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
И иако дури и во последниот одговор Владата инсистира дека ќе е транспарентна и отчетна, од тоа нема ништо. Денот кога ќе бидеме ставени пред свршен чин е се поблиску.
Виси прашањето: што се има како отстапка направено Заев кон Бугарите, за тие да го слават договорот, а тој да го крие од македонската јавност.Се ближи денот кога Македонија и Бугарија ќе треба да го потпишат договорот за добрососедство кој беше најавен при посетата на Зоран Заев и Никола