Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресорите

Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои на средбата во партиското седиште на ДУИ во Тетово ги отворија прашањата околу распределбата на ресорите.Како што соопшти ДУИ, Заев и Ахмети уште еднаш ги повторија приоритетите на новото мнозинство: сериозни реформи во владеењето на правото согласно препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички односи, отворање нови работни места и економски развој на државата.
 
Двајцата коалициски партнери се осврнаа на предностите на аклтуелното мнозинство и се согласија околу принципите на владеењето.
 
– Една од предностите на владеењето ќе биде непосредната интеграција во НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што, страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел, информира ДУИ.Како што соопшти ДУИ, Заев и Ахмети уште еднаш ги повторија приоритетите на новото мнозинство: сериозни реформи во владеењето на правото согласно

Пронајдете не на следниве мрежи: