Заев не го признава Собранието, судството, Владата, а сега и народот кој за него бил фантомски. Сакајќи да одработи за Заев, пак, Јанева се закопа себеси – и таа не го признава Собранието кое го формираше СЈО.Лидерот на СДСМ и специјалната јавна обвинителка спроведуваат деструктивно сценарио за да ја задржат кризата која ја наметнаа. Тие не ја признаваат целата македонска држава зошто не ги признаваат институциите во неа кои се градени со децении.
Заев одамна стартуваше со вакво сценарио, а Јанева по стапување на својата функција, како да сака да биде портпарол на опозицијата.
Додека Заев ги негира судовите и брои фантомски гласачи, неговата соработничка Јанева се приклучува во неговите ставови и не ги признава Собранието, Уставниот суд и претседателот.
-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство. Предметот Титаник покажа дека сите избори од 2011 се нелегитмни а со тоа нелегитимни се избраните институции како што е Уставниот суд, Собранието и Владата, затоа би му порачале на Уставниот суд да го почитува Специјалното обвинителство, рече денеска на конференцијата за антикорупција, специјалната обвинителка Катица Јанева.
Јанева излегува со изјава дека Собранието е нелегитимно, а токму таа и нејзиното обвинителство се избрани од законодавниот дом кој исто така го одобри и нејзиниот буџет.
Лидерот на СДСМ и Катица Јанева освен исти ставови имаат и неколку заеднички карактерни особини. Двајцата не си држат на својот збор и менуваат изјави, а постои основан простор за сомнеж дека двајцата се коруптивни.Лидерот на СДСМ и специјалната јавна обвинителка спроведуваат деструктивно сценарио за да ја задржат кризата која ја наметнаа. Тие не ја признаваат