Додека се уште се прават калкулации дека народот ќе биде мирен и оти и покрај секојдневните протести ќе ја изгласаат „тиранската влада“ на американскиот амбасадор Џес Бејли, со сите планови во неа, медиумите на Сорос шират тензии и сакаат да го заплашат народот со лажни вести за можни етнички тензии и провокации.Како што претходно објавивме, порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски на 27 февруари напиша текст дека девојка била нападната во центарот на Скопје поради тоа што носела шамија на главата и ваквата вест беше раширена токму во моментите кога граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ имаше граѓански собир на кој се спротивстави на штетните одлуки кои се однесуваат на разградување на унитарноста во државата.
Привидот кој сакаат да го предизвикаат медиумите на Сорос е дека група националисти нападнале Албанка поради нејзината верска припадност, но вистината е сосема друга.
Имено, инцидентот се случил на 23-ти, а е пријавен е на 24-ти февруари. Пријавата е дека имало потегнување за рака на девојката која кажала оти тоа било поради тоа што наводно носела шамија.
Освен провокациите за етнички тензии, дел од тактиката било ДУИ во наредниот период да му помогне на СДСМ со помека реторика околу договорената платформа, и со обвинувања дека и ВМРО-ДПМНЕ ја прифатила, иако е јасно дека такво нешто не постои, бидејќи доколку постоеше сега ќе имаше договор за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Од друга страна, СДСМ уценувале поединци во раководството на ДУИ кои трезвено размислувале, барајќи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уценете се преку закани со снимки и дека ќе бидат нападнати и оти Специјалното Јавно Обвинителство ќе ги обвини без докази, дека ќе ги пикнат во притвор и искомпромитираат. Поради ова и ситуацијата во ДУИ врие.
Се говори дека се што правел шефот на огранокот на ДУИ, Беќир Асани, правел и градоначалникот на Чаир. За Беќир Асани излегле снимки, а градоначалникот Меџити не само што се испазарил да го поддржи СДСМ, туку ветил и дека нема да се кандидира на локалните избори во Чаир, за да отстапи простор за кандидат Албанец на СДСМ, кого трајно и би го поддржал. Тој пак, се надевал на потпретседателско место во новата влада.
Дел од раководството на партијата предупредувало: Каде одиме? Со Трамп или со Сорос? Не може со двајцата.
-Каде одиме со вакви демонстрации и револт кај Македонците? Толку многу луѓе спонтано досега не излегувале како сега. И има набој, жар, елан, спремност и одлучност како никогаш порано, биле дел од реакциите на раководството на ДУИ.
Што ќе се случи ако ескалира состојбата и на улица излезат и Албанците?
Станува дел од проблемот, од кој не знаеме како ќе излеземе. Што ќе ни се случи ако на локалните избори се направи јавна или тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Движењето БЕСА и ДПА? Според бројките од предвремените парламентарни избори, би следувал пораз на ДУИ во Чаир, Тетово, а веројатно и во Гостивар.Како што претходно објавивме, порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски на 27 февруари напиша текст дека девојка била нападната во центарот на Скопје п