Заев и СДСМ направија пакт со криминалци на сметка на целата македонска држава и народ

На штета на цела македонска држава и народ, партијата на Зоран Заев направи пакт со криминалци. За да остварат политички поен плус, СДСМ и МВР водено од генералниот секретар на партијата, не бираат ниту средства, ниту начини. Криминално-полициска местенка на Диме Спасов е класичен пример за дејствувањето на овие луѓе.Криминалците како партнер на СДСМ очигледно имаат насоки да дејствуваат, ако треба и газејќи ги законите, само да направат услуга на оној кој ги постави- функционерот на СДСМ.
Лица со дебели криминални досиеа, со двоцифрен број на кривични дела и одлежани затворски казни минатата недела го нападнале и бркале дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов. Тешки кражби, насилства, тепачки со оружје се меѓу делата за кои одговарале лицата од групата која сакала да се пресмета со Спасов. Министерот на СДСМ, Оливер Спасовски застана во одбрана на овие лица, прикривајќи го она што тие го направиле, со цел да го оцрни Спасов од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој случај стана дел од црната политичка кампања која ја водат од Бихаќка.
МВР пак во првиот извештај до јавноста воопшто не ја споменува криминалната група, а извори на Сител наведуваат дека и самата постапка која ја води е со низа намерни пропусти. И додека МВР пласира недоречености во јавноста, медиумите блиски до СДСМ ја туркаа информацијата за наводната “алкохолизирана состојба” на дополнителниот заменик министер која е неутврдена. Круцијално во целиот случај е што надлежното министерството тенденциозно пропушта да истакне дека Спасов бил следен од осудени криминалци кои позади себе имаат досиеа за тешки престапи и тоа:
 
-Даут Динарица кој во полициското досие имал дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Ова лице било осудено за насилство, предизвикување тепачка користејќи оружје. До 26.8.2016 издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според КЗ предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран од Шпанија.
– Омер Аџами кој има дури 16 криминални дела за тешки кражби и помагање во други кривични дела -учесник во криминално-полициската акција бил и извесниот Етем Абаз кој е со полициско досие за загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка.  Во претходна постапка МВР му ја одземала дозволата за управување со возило.
Во саботата порталите блиски на опозицијата информираа дека наведените лица дале изјава во полициска станица дека не го бркале, ниту го виделе Спасов ноќта кога се случувал настанот.
Министерот на СДСМ вчера не отстапи од лагите и повторно се обиде да ги сокрие криминалците кои дивееја.
Но, само половина час по неговата прес-конференција, јавноста го доби вистинскиот одговор за случувањата од минатиот петок. Видео снимката во продолжение е јасен доказ што точно се случувало таа ноќ, дали Спасов бегал од полиција или криминалци, дали насилно го застанале или запрел самиот и дали врз него е употребена сила.
Криминалците како партнер на СДСМ очигледно имаат насоки да дејствуваат, ако треба и газејќи ги законите, само да направат услуга на оној кој ги по

Пронајдете не на следниве мрежи: