Заев и Шеќеринска повторно удрија по државниот и јавниот имот на Република Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос, неѓу кои и Мирјана Најчевска, која  не го испочитува законот и не се јави на поканата за информативен разговор во полициската станица „Беко“, рамо до рамо и денеска се изживуваа со боја врз државниот и јавниот имот на Република Македонија, врз оние објекти кои ниту ги изградиле ниту некогаш се грижеле за нив.Со вандалскиот чин на фрлање боја на Министерството за правда лидерот на СДСМ конечно го покажа висинското лице, дека не само што е лидер на опозицијата туку е и лидер на Шарената револуција.

И секако, не е случајно, аболираните криминалци, не можејќи да ѝ избегаат на правдата, удрија по Министеството за правда. Веројатно очекуваат дека нивното шарено дивеење ќе ѝ го попречи патот на правдата која неминовно ќе ги стигне. Тие наводно бараат укинување на аболицијата и еднаквост пред законот.
Со нив беше и лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски.
Од Министеството за правда, шарените хулигани го продолжија патот кон Собранието на РМ, а таму најшарена беше Мирјана Најчевска, еден од најголемите понижувачи на македонскиот народ, прв глас во Соросовиот мегафоснки хор. Таа одржа говор, а потоа ги повика сите да фрлаат со балони со боја кон Собранието. Со катапултот боја фрлаше секој кој изрази желба, а најмногу беа жени. Со боја повторно фрлаше и Најчевска.Со вандалскиот чин на фрлање боја на Министерството за правда лидерот на СДСМ конечно го покажа висинското лице, дека не само што е лидер

Пронајдете не на следниве мрежи: