Опозицискиот лидер Зоран Заев и зададе нов удар на Македонија во исполнувањето на своето деструктивно сценарио за бегство од зибори и соочување со волјата на народот. Поради неговите уцени кои го уриваат Уставот, разговорите кои за утре беа закажани во ВИена од еврокомесарот Јоханес Хан се одложени.Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, утре требаше да биде домаќин на четворицата македонски политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на нова рунда разговори за решавање на политичката криза во Република Македонија.
Сепак, главна причина за откажување на лидерската средба е барањето на Зоран Заев за прекршување на Уставот и одложување на изборите закажани за 5-ти јуни. Утрово беше најавено дека „куќата на ЕУ“ во Виена веќе се подготвува салата за состанокот за решавање на македонската политичка криза и неофицијално, европските посредници ги очекуваат сите повикани да присуствуваат на лидерската средба која би се одржала и со отсуство на некој од нив.
Со уцени кои го уриваат Уставот, Заев сака кризата да се продлабочи и да ескалира. Со избори и разговори нема да се остварат најавите за украинско сценарио и граѓанска војна, изјави кои ги даваше тој и теми кои меѓу себе ги комуницираа Зоран Верушевски и осомничените во Пуч.
-Па може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија, рече Заев пред неколку дена.
На едно вакво крваво сценарио повика и неговиот соработник Зоран Верушевски, кој беше првоосомничен во случајот „Пуч“, во кои за тешко дело се теретеше и Заев.
Скајп комуникацијата меѓу Верушевски, како и неговиот соработник Ѓорѓи Лазаревски,откри какво црно сценарио планираат.
Во скајп комуникацијата помеѓу нив двајца, тие прогнозираа дека во Македонија ќе дојде до граѓанска војна, но благодарени на чадорот тие ќе останеле заштитени. „Оркестар 11“ и „кока кола 10а“ биле псевдонимите што ги користеле во разговорот преку Скајп, првоосомничениот Верушевски и петтосомничениот, поранешниот оперативец во УБК, Ѓорги Лазаревски.
Верушевски го користел псевдонимот „оркестар 11“, а скајпот го водел на име „Златко Велевски“, Лазаревски пак бил „кока кола10а“, а скајпот бил на име „кока кола“. Според информациите од истрагата кои се појавија во медиумите, Верушевски, преку Лазаревски го врбувал инженерот од УБК Звонко Костовски шестоосомничениот во „Пуч“ да шпионира и неовластено прислушува за странски служби како што првично било договорено, според признанието на Костовски.
Заев ја држи Македонија во заложништво
Заев вчера постави неуставни и нерационални услови само за да избега од средбата во Виена и да не дојде до решение на кризата. Заев претпочита меѓусебно закрвување на Македонците, наместо решение.
-Секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонијa, наведува претседателот на Собранието Трајко Вељановски во реакција на вчерашната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев на која меѓу другото беше побарано свикување пленарна седница на Собранието за одложување на распишаните избори за 5 јуни.
Вељаноски го цитира член 63, став 6 од Уставот во кој се наведува дека „Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници“ и потенцира дека во контекст на оваа уставна одредба пратениците од осмиот состав на македонскиот Парламент, таква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа, вели Вељаноски, во суштина значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата.
– Во оваа смисла, сакам да и’ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: „со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“. Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија, наведува Вељаноски во реакцијата.
Во однос на второто барање на Заев кое се однесува на аболицијата , толкувањето на Владо Камбовски во коментар на кривичниот законик на Република Македонија е следно:
“Еднаш даденото помилување е неотповикливо и не може да се поништи со закон или со дополително решение, дури и тогаш кога низ подоцнежното однесување на помилуваниот не се потврдило како награда за неговото добро однесување во затворот”Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, утре требаше да бид