Заев им го предаде Илинден на Бугарите

Loading...

Заев во Софија го предаде најголемиот македонски празник, Илинден, на Бугарите. Како што јавуваат бугарските агенции, Заев од таму посочил дека Илинден ќе го чествува заедно со Бојко Борисов. Како го пренесуваат Заев, останало уште малку до потпишување на Договорот за добрососедство и, како што рекол Заев, заедно ќе го чествуваме Илинден во Македонија на втори август, пишува Република.-Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата заедничка историја- го пренесува БГНЕС Заев.
Софија всушност со години инсистира на обнова и на надополнување на договорот од 1999, кој имаше рок од 10 години. Од тогаш на сите средби на работните групи Софија инсистира на заедничко чествување на македонската историја. Во 2012 година претседателот Ѓорѓе Иванов на бугарскиот колега Плевнелиев му понуди неколку датуми од ткн. нови празнувања, на пример  9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Но, Софија под „заедничко прославување“ гледа сосема други празници. Плевнелиев во таа прилика оцени дека тоа е „многу далеку од тоа кое Бугарија го смета за одбележување заеднички датуми“, па преку медиумите побара „вистински конкретни датуми, кои и за двете страни ќе функционираат за заедничко одбележување“.

Зошто не Гоце Делчев?- праша тогаш Плевнелиев.
Потоа следеше интервју на бугарскиот амбасадор  во ЕУ за германските медиуми, каде тој отвори ново видување на проблемот спакуван под „добрососедство“. Димитар Цанчев го наведува  прашањето за македонската нација, која според него е создадена по 1944 на територијата на СРМ „со сталинистички методи“ за искоренување на се она што било поврзано со претходното. „Но, не можел да го искоренат бугарското минато од колективната меморија“, заклучува Цанчев.
Според бугарскиот амбасадор Цанчев во ЕУ, „Македонија е географска област која се протега на територија на најмалку три држави, па оттука употребата на географскиот поим Македонија за име на новосоздадената држава е оптоварена со политичка чувствителност кај соседите, каде со Македонец се означува припадност кон географска област, а не кон национален идентитет. Оттука не би можело да се искористи како факт за постоење на Македонци како малцинство во Бугарија“, завршува Цанчев, пренесува Република.
Анализите потоа посочија дека Софија стои зад секој негов збор. Всушност, интервјуто на почетокот на оваа година на Плевнелиев само го потврди тоа. Тој посочи дека Македонија треба да влезе во ЕУ, но „не и македонизмот“.
-Македонизмот е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска. Тоа е една идеологија на тотални манипулации со историјата. Тоа е една идеологија која создава напнатост, тензии меѓу идните поколенија. И ако ме прашате зошто се навраќам на тој конфликт, веднаш ќе ви одговорам. Зашто искрено мислам моите деца и децата на нашите браќа од другата страна, во Скопје, да бидат браќа, да бидат пријатели и да има мир, ама манипулираната историја не работи за тоа да бидат браќа и да има мир. Заматената историја во која Бугарија е фашист не работи за тоа- додаде Плевнелиев.
-Бугарија неколку години бара нивни политичари да бидат дел од прославата на Илинден во Крушево, а лобирањето за покана се одвиваше по сите официјални и неофицијални- бизнис канали. Идејата за бугарски претставник на Мечкин Камен е токму на Плевнелиев. Но до сега наидуваше на прашање наместо одговор, дека Македонија нема проблем за заедничко празнување, но целта да е градење доверба а не наметнување еден на друг. Во таа насока доскорешниот шеф на дипломатијата Никола Попоски во интервју за Бугарското национално радио посочи дека договор за добрососедство со Бугарија не е неопходен, пишува Република.
– Мој личен став е дека не е неопходен, дека всушност добрососедство не се гради на хартија, туку се гради со конкретни гестови и мислам дека помеѓу Бугарија и Македонија има многу добра основа за одлични односи. Впрочем, помеѓу луѓето тоа постои и сега. А дали ќе има договор е прашање на фактот што од бугарска страна беше наметнато тоа како некоја исклучителна потреба. Јас лично мислам дека е подобро да немате договор отколку да имате договор кој ќе создава дополнителни проблеми- беше пораката од Попоски.
Прашањето на кое сега Заев ќе треба да одговори е во кое својство Борисов ќе дојде на Мечкин Камен- дали како гостин пријател на македонската нација или како политичар кој наметнува „бугарско минато од колективната меморија“?

По враќањето од Софија, Заев и делегацијата се должни пред македонскиот народ да го објават целосно Договор за добрососедство и што е со него прифатено. Или и со него ќе се кријат како со документите за прифаќање на Тиранската платформа?
-Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата заедничка историја- го пренесува БГНЕС Заев.

loading...