Лица со криминални досиеја, осомничени за криминали биле во постојана комуникација со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пишува порталот Журнал. -Братот на Есад – Еско Рахиќ, Сеад – Сетко Рахиќ осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група, јавно се фалел во затворот во Идризово дека има директна комуникација со Заев. Сетко велел дека се допишувал со лидерот на СДСМ и мавтал со писма во Заев му ветувал ослободување откако ќе дошол на власт. Ова било случај и со повеќе рекетари и насилници блиски до СДСМ осудени за насилство, силување, рекет, изнуда, пишува порталот.
За ветувањата кои Заев им ги давал на осудени лица, во интервју за Шења говореше и Шпетим Положани, претседател на здружението на албанските политички затвореници во Македонија кој истакнува дека СДСМ на македонските Албанци за време на декемвриските избори им ветувал противправни ослободувања од затвор за луѓе кои се осудени за тешки кривични дела и чии роднини во надеж дека нивните блиски ќе бидат ослободени агитирале за СДСМ.
Тој ги открива манипулациите со кои СДСМ се служел за манипуларање на албанскиот електорат.
-Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привилегии, секако ако дојдат на власт. Самиот факт дека СДСМ има најмногу албански гласови во руралните места, таму каде што полесно луѓето се контролираат кажува дека тие гласови ги има добиено со манупулирање и празни ветувања. И добро е што СДСМ нема гласови од албански интелектуалци, потенцира Положани.
Споменувајќи еден класичен пример, вели: „Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин.-Братот на Есад – Еско Рахиќ, Сеад – Сетко Рахиќ осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група, јавно се фалел в