Заев има украински пасош!

Лидерот на СДСМ има украински пасош – ексклузивно дознале ТВ „Селма“ , но не и соопштиле на јавноста, пренесува „А1, оф!“.Бомбастичната информација, која ТВ уредниците ја споредиле со откритието на Светиот грал, ја добиле во замена за тотално нелогичното неучество на интервјуто кај претседателот Иванов, каде беа поканети и можеа да прашаат што си сакаат, но по барање на чадорот-финансиер на пропаднатиот проект „Контравести“, тоа не го сториле, пренесуваат порталот од мака што националниот концесионер му зел големо парче од колачот на Сорос.
Неверојатната информација, која по првото слушање целосно го сменила животот на стотина комуњари-хулигани, Зеев ја соопштил малку пред  официјално да се „приклучи“ на сопствениот протест. Таму пред Владата, тој маскиран во политичар (за да не го препознаат) со ќеиф фрлал камења по „Република“ и „Радио слободна Македонија“.
–„Непријатели мои! Упс… На Заев де! Цел живот со мојте.. Неговите де,  отровни корнишони ракија да пиете, да Бог да!“ – викал лидерот и фрлал ко навиен павер елементи, успешно маскиран во политичар, улога за која ниту некој од присутните сдсмовци не се посомневал дека е нивниот Заев, зашто едноставно, не му стоела и никој не можел да го замисли како таков.
Воодушевен од гласното кршење и ѕвекотот на стаклото на медиумите, Заев во екстаза му се свртел на својот партнер во маскирањето, уредник во ТВ „Селма“, и не можел, а да не му признае:
-„Друже мој по кауза, маскиран во новинар и јако платен од чадорот ми, морам да ти кажам – имам украински пасош!“ –свикал растреперениот и соблазнет лидер.
Збунетиот уредник, одлично маскиран во новинар,  л’цнал, заплакал од среќа за неверојатната чест што Заев ја споделува со него оваа есенцијална и неверојатна информација и целосно збунет од тоа што е избраниот, пропелтечел:
-„Ауууу, јако, ццццццц… Беше таму за време на портокаловата револуција, нели, знаев, знаев дека имаш нешто од Јушченко, мада Бранко е рошав ко него, ама ти си фатил од револуционерното, Порошенко наш, те соблазнувам, нозе ти целивам и величам пред сите, идолу мој“ – заплакал од среќа уредникот маскиран во новинар.
-„Не бе хулиганче новинарско мое платено со милион и пол од чадорот бе, како уопште толку пари ти даваат, а не разбираш ништо бе??? Ах, да, оти си послушен и што ќе кажат странците правиш де, ко ја де, ок…“ – извикал првично во нервоза лидерот маскиран во политичар, по што смирено додал:
-„Прости за изливот на нервоза, на иста страна сме Шаки, ама ми дојде де. Абе не, ја тогаш беФ само задње свирало у партија бе – Милчин , Најчевска, Дерала, Стујанче и Сарачини тогај ги пратихме на обука која ја довршиха през две гудини на Мајдано. Они и праФ пасош украински имат, ама од чадоро ни, разбираш“ – разврзал малку на струмички задишан од возбуда лидерот, па се опраил и продолжил посмирено, ама пак на диалект.
-„Знаеш, ја имах ногу чеиф на тија пасош, па му нарачах на Чаушо еден да ми направе. И у сериите за аферите, учини ми и направи ми и даде ми го прези  да го фанат, еден сааат комај беше, јали два. И с’а имам го, ја на украински пасош. Заев Украинец, Козак праФ бре! Ко оригинал е, топ, не ко тија личните карти шо и правеше! Тууу! Легна ми вака сценариото, разбираш, веродостојност му дава!“ извикал маскираниот лидер во политичар и воодушевен од себе и без поздрав се упатил кон протестот, целосно во филм за содржината на новата журка со Верушевски за аболицијата од Иванов…
Извор: ДвогледБомбастичната информација, која ТВ уредниците ја споредиле со откритието на Светиот грал, ја добиле во замена за тотално нелогичното неучество на и

Пронајдете не на следниве мрежи: