Лидерот на СДСМ истакна дека партијата прави сè за да добие потписи за мандат.Што побрзо формирање влада е од интерес на граѓаните и на целата земја. Најголемо очекување на граѓаните и на ЕУ се реформите. СДСМ со кампањата и својата платформа е целосно посветена на реформските приоритети согласно извештајот на ЕУ и на Прибе со кои ќе се подобри животот на граѓаните, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по вечерашната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
Претседателот на СДСМ во своето излагање не ја отфрли можноста неговата партија да ја прифати платформата на партиите на Албанците. Тој не сакаше да го каже својот конечен став и рече дека тоа ќе го стори откако ќе ги добие потребните потписи.- СДСМ целосно е посветена на реформите. Правиме сè да добиеме потписи за мандат и да преговараме за влада. Пред да го добијам мандатот не сакам да се изјаснам – истакна лидерот на СДСМ.
Заев рече дека има позитивен аспект кон платформата, но дека во овој момент пред да го добие мандатот не може да каже што е прифатливо зa неговата партија.
Во својата изјава по средбата со Хан, лидерот на СДСМ истакна дека е задоволен што дел од албанските партии најавиле потписи за СДСМ, но рече дека нивното добивање значи добивање мандат, а потоа ќе следат разговорите за влада.Во однос на СЈО и Извештајот на Прибе, Заев рече дека немаат никакви точки на разидување со албанските партии, а по однос на формирањето влада се залагаат за колку што е можно поширока владина коалиција и отворени се за разговор со сите освен со ВМРО-ДПМНЕ.Во однос на можноста за нови избори посочи на препораката на еврокомесарот Хан кој сугерирал да се забрза со процесот на формирање влада, од која се очекува да ги спроведе бараните реформи.Што побрзо формирање влада е од интерес на граѓаните и на целата земја. Најголемо очекување на граѓаните и на ЕУ се реформите. СДСМ со кампањата и