Заев излажа, немало средба со Трамп, само ракување од половина секунда

Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Donald J. Trump предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН, вака Заев на социјалните мрежи се пофали дека остварил средба со претседателот на САД. Вистинско прашање е како успеале толку да разговараат за помалку од една секунда.Премиерот на Македонија, се обиде да ги излаже македонските граѓани дека остварил средба со претседателот на САД, Доналд Трамп на која било разговарано за неколку битни теми, но реалноста е дека за пола секунда ниту здраво не може да се каже.
На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај половина секунда, а министерот Димитров фотографира.
Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност. Навистина интересно како успеал Заев да разговара со Трамп за половина секунда некаде.
-Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Donald J. Trump предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН, Заев на Фејсбук напиша дека за поздравот кој траеше помалку од една секунда успеал да разговара на овие теми со Трамп.
Инаку честа да биде фотограф на “средбата“ на премиерот Заев и Трамп, ја имаше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
 
Премиерот на Македонија, се обиде да ги излаже македонските граѓани дека остварил средба со претседателот на САД, Доналд Трамп на која било разгова

Пронајдете не на следниве мрежи: