Разоткривањето на непрофесионалното, пристрасноста и политизираноста на СЈО, кое се случува пред очите на целокупната јавност, очекувано резултира со засилен притисок од страна на СДСМ врз Катица Јанева таа да почне да испорачува резултати какви што Зоран Заев бараше од неа уште од почетокот.СЈО изминатиов период целосно се девалвираше како институција, а Зоран Заев со предлозите за двојазичноста на целата територија, изминативе две недели го урниса и онака слабиот рејтинг на СДСМ.
Во целиот контекст сосем очекувано е СЈО да излезе со уште некоја политички нарачана истрага, каква сто најави ја за утре. Веројатно процените на ПР стратезите на СДСМ се дека само на тој начин и партијата и СЈО ќе може да го сопрат вагонот во кој се заедно качени, а кој се позабрзано тргна низбрдо.
Според експерти со кои контактиравме многу веројатно е дека во недостаток на програма и проекти кои би биле понудени на граѓаните, притисокот од СДСМ кон СЈО во наредниот период ќе расне со цел да се излегува со што е можно повеќе паушално конструирани предмети. Целта на Заев и СДСМ е да се влезе во што е можно поцрна кампања каде граѓаните би биле пасивизирани, односно веќе не би можеле да дојдат до израз конструктивните политики и програмите со проекти кои се најсилното оружје на ВМРО ДПМНЕ.
Во целата фарса својата улога би требале да ја одиграат и вандалите под контрола на Зоран Заев кои стојат зад таканаречената платеничка револуција на СДСМ/Сорос. Истите веќе го нападнаа Основниот суд Скопје 1 испраќајќи им закани на судиите дека и тие лично може да бидат нивна мета. Како што поминува времето, ваквите операции веројатно ќе стануваат се почести. Тактиката е едноставна. Катица Јанева ќе испорачува празни политички конструкции кои ќе ги нарекува предмети, во секој од нив ќе бара изрекување на одредени мерки против лицата кои од СДСМ ги означиле како таргети, односно политички противници, а правната непоткрепеност на овие политички конструкции ќе биде повод за платениците на СДСМ/Сорос да вршат притисоци врз судот и да провоцираат инциденти кои би му овозможиле на Заев да избега од избори.
Најдобра потврда за овие претпоставки даде токму Зоран Заев во неговата денешна изјава во Кавадарци, каде ги оправда вандалите во насилството на судот. Според Заев добра причина за закани и притисоци врз судиите е тоа што од страна на судот не бил изрекуван притвор секогаш кога Катица Јанева ќе побарала без разлика колку апсурдни и неаргументирани се нејзините барања, кои според голем број експерти наликуваат како да се изработени од луѓе кои немаат допир со правото.
Најголемиот апсурд во целата ситуација е што Заев и Верушески се на слобода токму заради тоа што судот го уважи првото барање на Катица Јанева да се укинат сите мерки на претпазливост за обвинетите од случајот Пуч. Апсурдна е загриженоста на Заев за неизречените притвори кога целата јавност гледа дека истиот не се појавува на рочиштата закажани за поткупот од 200 000 евра кој што го бараше и притоа на прес конференции тврдеше дека за него македонските судови не постојат.СЈО изминатиов период целосно се девалвираше како институција, а Зоран Заев со предлозите за двојазичноста на целата територија, изминативе две нед