Како да му се верува на Зоран Заев кога тој во својата општина не донел ниту една фабрика, а камо ли тука во Кочани, но морам да бидам искрен тој придонесе за една фабрика да дојде тука во Кочани, а тоа е компанијата Антура, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица Никола Груевски на вечерашниот митинг.-Компанијата кога била дојдена во Македонија да бара локација, некој им кажал дека е добро да се инвестира во Струмица. Луѓето отишле се сретнале со него и му рекле дека сакале градежно земјиште за да изградат фабрика, Заев на тоа одговорил позитивно дека има такво земјиште за градење на оваа предвидена фабрика. Луѓето откако се заинтересирале за купување го замолиле Заев да им каже кога ќе има лицитација за да го купат земјиштето, така и било сторено- луѓето го купиле земјиштето и се спремиле да ја градат фабриката, но тие сфатиле дека земјиштето не е за градење на фабрика, туку за градење на зелен пазар и катна гаража. Откако му се јавиле на градоначалникот и му рекле дека тие купиле градежно земјиште, а не земјиште каде што е предвидена градба на катна гаража и зелен пазар, тој им рекол не се секирајте почекајте едно 6, до 12 месеци ќе ја наредиме работата. Луѓето збунети го прашале Заев дали се измамени и дали луѓето кои сакале да вработат над 300 луѓе купиле земјиште за градење на катна гаража и зелен пазар, истакна Груевски.
-По целата таа збрка тие дојдоа овде во Кочани и градоначалникот топло им посака добродојде и веќе над 200 луѓе се вработени, а во иднина ќе расте и бројот на втаботени. За разлика од Зоран Заев, градоначалникот на Кочани ги пречека на начин каков што заслужуваат тие, потенцираше Груевски.
-Компанијата кога била дојдена во Македонија да бара локација, некој им кажал дека е добро да се инвестира во Струмица. Луѓето отишле се сретнале с