Заев краде идеи за проекти од ВМРО-ДПМНЕ, само албанизацијата е негова идеја

Во 2014 година СДСМ настапи со програма во три столба. Сега, новиот Заев „План за Македонија“ целосно им парира на тогашните „Промени за нов почеток“. Неинвентивно и очигледно неефектно, ама едноставно и лесно за препишување, макар што и тогаш два столба беа прекопирани од претседателските избори од 2013 година кога „независен кандидат“ им беше губитникот и сегашен носител во првата изборна единица Стево Пендаровски – Стока. Но, ако тогаш беа столбовите „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“, сега пандан на тие столбови се „Надгради ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ“, „Катице, аман, спаси нè!“ и „Албанизација“…, пишува Журнал.Позицијата на Зоран Заев на листата на носители на изборни единици разјасни многу дилеми. Значи (што би рекла Катица Јанева кога не чита) затоа ли СДСМ дејствува толку инфантилно и без компас? Велат „една слика – многу зборови“, а во „еден носител“, пак, ги има уште повеќе. Ете затоа, социјалдемократите да ти држеле прес-конференции на небитни и смешни теми и целосно ја копирале програмата и само додавале на проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледот лажел, тие не биле мрзливи. Не. Едноставно, имале мака. Голема мака во насоката за трошење енергија. А, ако се прашувате каде исчезнаа парите на партијата и чуму донесоа само толку малку автобуси на последниот митинг, наречен „марш“, катастрофален по посетеност, одговорот е уште поедноставен. Ги потрошиле спонзорствата на забрзани курсеви за учење албански јазик за лидерот. Ќе му треба и многу повеќе од тоа, веројатно и некаква магија, за да допре до гласовите на Албанците, но Заев треба да се соочи со Ахмети и со Тачи од едната страна, а од другата, веројатно и поважната, ќе го чека носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ. Во превод, Албанците ќе избираат меѓу Али, Мендух и Зоран, а Македонците меѓу Агим (Зоран и Агим имаат исто ономастичко значење – раѓање на денот) и некој, кој и да е, вистински Македонец. Веројатноста за успех, бил Агим или Зоран станува сосема небитно, и во двете битки е еднаква на нула. Но кога финасиерот или „чадорот“ што ве држи во живот, бара акција, очигледно не е лесно да речете „НЕ“.
Две опции за инфантилноста на партијата
Објаснувањето за инфантилното дејствување на партијата, пак, има две опции. Првата е дека презафатен со измислувањето финти како да им се доближи на Албанците, СДСМ, едноставно, заборави на Македонците. Учат ли сите во СДСМ албански како Заев? Тешко, но многу веројатно е дека сите ресурси на партијата се насочени кон барање начин за собирање симпатии кај Албанците. Затоа веројатно и заборавија на едно од основните ветувања од 2014 година, дадено пред изборите што ги изгубија катастрофално и не ги признаа. На тие избори, едно од главните ветувања, дадено лично од Шеќеринска, е дека во првите 100 дена од владеењето ќе спроведат попис на населението. И, упс, пописот го снема. Затоа што сите знаеме зошто не се ни спроведе. Поради истите тие иселеници на чиишто семејства сега типува СДСМ, а со попис, можеби, не би постоел ни Рамковниот договор. Пиши-бриши, нели. Втората опција зошто се толку неподготвени и безидејни е, исто така, едноставна – кога виделе што испланирале или, поверојатно, што им испланирал некој, досегашните стратези си заминале без збор. Останале само ајваните, кои и не знаат поинаку. Старите волци знаеле што ги чека (настрана дека по неминовниот пораз нема да им платат за маката), за разлика од врхушката, која знае, но се надева дека греши, затоа што, реално, и нема друга опција…
Втор столб: „Фризирај“ ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ
Истата таа за нив погубна 2014 година СДСМ настапи со програма во, исто така, три столба. Ист е и лидерот. Заевиот нов „План за Македонија“ целосно им парира на тогашните „Промени за нов почеток“. Неинвентивно и очигледно неефектно, ама едноставно и лесно за препишување, макар што и тогаш два столба беа прекопирани од претседателските кога „независен кандидат“ им беше губитникот и сегашен носител во првата изборна единица Стево Пендаровски. Познат како „независен експерт“, кој милува народот да си го нарекува стока. Е сега, истиот тој лик од, демек, „граѓанскиот сектор“ ќе треба да му се спротивстави на Груевски. Повторно бурлеската „граѓаните против режимот“. Бедотија, но ако тогаш беа столбовите „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“, сега столбови се „Надгради ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ“, „Катице, аман, спаси нè!“ и „Албанизација“. Сегашната кражба и надградба на проектите на ВМРО-ДПМНЕ би бил стариот „Да ја вратиме средната класа“. Албанизацијата, пак, им е современ пандан на „Инвестираме во иднината“.
Минатиот месец се изнаслушавме како ќе ги подобрат сите проекти на владејачката партија. Така, Заев (човек тежок 12 милиони евра, кој на своите вработени во Струмица им исплаќа минималец) сериозно се загрижи за сиромаштијата, па лично вети 30 проценти повеќе субвенции за грло и 20 проценти повеќе за хектар, кираџиката Радмила ја дигна минималната плата, која во нивно време ја немаше, а истиот тој Заев уште на конгресот соопшти дека ќе ја засилат социјалната помош, која од нивното владеење во 2006 година порасна за цели 70 проценти. Арно ама, СДСМ не застана тука. Секоја прес-конференција е насочена кон проблемот – колку субвенции за пелети би се добиле од Панорамското тркало, колку домаќинства би се гасификувале од Триумфалната порта, колку градинки имало во „Скопје 2014“?! За чудо, цело време споредбите се со проекти што веќе со години ги спроведува и ги „измисли“ токму ВМРО-ДПМНЕ. За пародијата да биде уште поголема, споредбата е меѓу два сосема различни проекти на истата таа ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, СДСМ и нема со што да спореди од нивно време, затоа што тогаш немаше проекти. Ах, да. Имаше. Приватизација, ТАТ, продажба на Телеком, територијалната поделба во подоцнежното и последно владеење итн. Дузина проекти што не се ни за споменување. И така, ветија сенешто. Но никој не објасни од каде пари во буџетот за вакво нешто. Истите тие што до вчера ги кудеа субвенциите како гол популизам и „купување на народот“ сега ветуваат сè и сешто. Друга манија и пасија им се „надуваните бројки“. Се отселиле 640.000 луѓе, а тие се четирипати помалку, настрана од која националност, знаете. Попис, нели. Судбината на „фантомите“ ја знаете, по нив и државниот долг, па ветените плати итн. Да, „тик-так, тик-так“, до изборите има уште малку време, а македонски гласачи на контото на партијата уште троа помалку.
Трет столб: Катица. И толку…
Третиот столб е наједноставен. Во 2014 година се викаше „Сакаме слобода“. Сега по ново, место со само мал додаток да го носи името „Катице, сакаме слобода“, тој се вика „Катице, аман, спаси нè!“ Прво, вистински спас од „Пуч“, „Поткуп“ и редица други прекршувања на законот, а второ спас за партијата во давањето крилја од Јанева со измислени предмети за политичките противници за, макар поднослив пораз во декември. Девалвацијата на политичките противници и „непријатели“ и така е средното име на партијата, принцип што го практикува цели 25 години. И опстојува. Проблемот се јави во меѓународната заедница, која посака Јанева да биде помалку видлива во предизборието. Штета, нусефект што предизвика нервозната Јанева да се кара со судии, по судови. И гревота. Значи, дефинтивно штета, значи…
Пандов: Бранковиот ученик на се понудено од ВМРО-ДПМНЕ, нуди двојно!
Процената на „Република“ во целост ја потврдува и политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој цени дека ако се суди од досегашната понуда од изборната кампања на СДСМ можеме да заклучиме дека ќе ја поделат на три дела.
Пандов: Првиот е делот во кој Заев се докажува со албанските политички првенци кој е поголем Албанец во Македонија. За оваа идеја, поддржан и од неговите Соросови платеници, најбесрамно лицитира и ќе лицитира со македонските национални и државни интереси, нудејќи од промена на името и влез во НАТО и во ЕУ за шест месеци, па преку ротирачки премиер на две години (Албанец – Македонец), двојазичност на цела територија на Македонија, до федералицазија на татковината, а сè со надеж дека на тој начин ќе придобие албански гласови. На оваа тема, веќе почнаа да се наддаваат албанските политички лидери, со уште поголеми барања, но верувам дека наш Заев сите нив пред крајот на кампањата ќе ги изненади со понуди од типот, 30 проценти застапеност на Албанците во јавната администрација или двојно помали придонеси на плата ако сте Албанец по род и слично. Во тоа име, верувам, ќе стави на листа неколку Албанци, кои ќе бидат и на добитни места. И покрај сето ова, на секого му е јасно дека Заев и СДСМ нема што да бараат кај албанските гласачи, а верувам дека тоа му е јасно и на Заев. Но, злобата што го води во оваа политичка борба кај него е посилна и свесно остава вакво кукавичино јајце, кое наредната влада ќе треба да го решава.
Вториот е, можеби, најзабавниот дел. Тоа е делот во кој Заев се чувствува суперериорно. Треба да ги употреби сите негови преземени знаења од менторот Бранко Црвенковски. Па така, во Бранков стил „по еден вработен од секоја фамилија”, Заев нуди минимални плати од 500 евра, на 140 градинки проектирани од ВМРО, Заев нуди 300 градинки, субвенции за земјоделците од 200 милиони евра или на сѐ направено и понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Заев нуди двојно. На прашање од каде пари за тоа, одговорот, по правило, секогаш е – од парите за панорамското тркало. Жално е што црпнатиот муртинец мисли дека македонските граѓани пасат трева или дека секое утро пиеме по една чашка нафта, па верува дека со лаги може да ја добие нашата доверба и дека не е одамна прочитан. Системот на детална изборна програма во која за секој понуден проект имате прецизен датум на почнување и датум на негово завршување, цена на чинење, задолжена институција што треба да го заврши тој проект и, конечно, и најважно, а тоа е на крајот отчет за завршениот проект, е систем на работа на политичарите, кои македонскиот народ и македонските граѓани го имаат прифатено како свој. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се човекот и партијата што го воведоа тој систем во Македонија, работат по него и го нудат како начин на работење за во иднина. Граѓаните знаат и проверено им е и докажано дека тоа што го ветуваат Груевски и ВМРО ќе биде исполнето. Оттука срамно и смешно е кога го гледаме како во стилот на политичар од 90-тите, Заев нуди и тресе од ракав на кого што ќе му текне.
Третиот дел од нивната кампања е црната и негативна кампања, во која, морам да признаам, се најсилни. Во овој дел, покрај СДСМ, со својата структура и секогаш подготвениот Соросов невладино-медумски корпус војници, веќе повеќе од една година им се придодадени Катица Јанева и СЈО. Токму „дотичнава“, дефинитивно, е, а верувам и ќе биде перјаница и ударна тупаница на нивната пропаганда. Свесни дека во редовите на нивната партија се луѓе што се целосни анонимци, па никој ниту ги забележува ниту им верува или се веќе докажани манипулатори и лажговци, па повторно никој не им верува, Соросовиот сектор им е, исто така, истрошен, компромитриран, корумпиран, а и поради честите навреди дека сме биле глупави, трупови и овци, во голема мера и омразен, целиот акцент или најголемиот дел на негативната кампања сѐ поагресивно им ја води Катица. Таа неуставна параинституција, која стана пример за непотизам и во која си вработуваат внуци, братучеди и деца, карактеристика за нетраспарентност и за трошење наши пари без усул, а притоа не ни се поднесува ни сметка, „есдесовизација“ до максимум од бургии до кој сѐ не, е таа СЈО и таа Катица Јанева, кои ние во наредниот период до изборите ќе бидеме принудени да ги гледаме и слушаме речиси секој ден, со нови и нови прес-конференции, во кои нормално, по правило, ќе бидат прозивани функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ и само на ВМРО-ДПМНЕ.
Цврсто сум уверен дека македонските граѓани го знаат сево ова и многу добро го сфаќаат. Македонците многу добро ја разбираат политиката и знаат кој им нуди реални проекти и кои се луѓето што ќе ги реализираат тие проекти, а кој им нуди шарени лаги. Фактурата ќе им биде испорачана вечерта на 11 декември и на СДСМ и на Сорос и на СЈО…
Извор: ЖурналПозицијата на Зоран Заев на листата на носители на изборни единици разјасни многу дилеми. Значи (што би рекла Катица Јанева кога не чита) затоа ли

Пронајдете не на следниве мрежи: