Заев: Можеби нема да успееме да формираме влада

Лидерот на СДСМ одби да одговори дали му е пријатно да се ракува со Зијадин Села по неговите провокативни изјавиПретседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја изненади јавноста со изјавата дека дури и ако го добие мандатот од претседателот Иванов, не е сигурен дека ќе успее да формира влада. Тој очекува што поскоро да се избере претседател на Собранието, за тој потоа да го извести шефот на државата за новото парламентарно мнозинство. Исто така, лидерот на СДСМ одби да одговори дали му е пријатно да се ракува со Зијадин Села по неговите провокативни изјави.
– Имаше две неразумни причини од Иванов за недоделување на мандатот. Со целосно право како човек зад кој стојат потписи на 67 пратеници очекувам да биде доделен мандатот за да направиме обид да формираме влада, можеби нема да  успееме. Иванов одлучи да не го дозволи тоа право објаснувајќи две причини. Мудроста, присебноста и толеранцијата нè ставија во позиција да имаме разбирање дури и кога има неразумни одлуки. Презентиравме програма на владата за да докажеме дека има ништо повеќе и ништо помалку. Програма на РМ која во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок и нашите приоритетни цели – ЕУ и НАТО. И сето она што го има во тој документи е апсолутно, 100-процентно во функција на целиот интерес на сите граѓани. Со Оливер Спасовски,  во името на сите потписници – 67 колеги пратеници – доставивме иницијатива за продолжување на конститутивната седница за да завршат 3. и 4. точка за избор на претседател на Собранието. Верувам дека претседателот на Собранието ќе испрати допис до Иванов и ќе го решиме и ова – со 10 дена рок за да биде доделен мандатот – вели Заев.
 
Тој додаде дека не сака да шпекулира кога би можела да биде избрана владата, но се надева дека тоа ќе се случи што е можно поскоро.- Работите не зависат само од Заев, не зависат од никој поединец, зависи од сите нас, политичарите. Јас би сакал и на 20, 21, 22 дури и порано да има влада, а секако тоа значи прво закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Како потенцијален мандатар, нема да дозволам да се потрошат 20 дена за преговори за влада. Ако го добијам мандатот, ќе гледам колку што е можно да ги кратам овие рокови за да им заштедиме време на граѓаните – додаде Заев.Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја изненади јавноста со изјавата дека дури и ако го добие мандатот од претседателот Иванов, не

Пронајдете не на следниве мрежи: