Заев му се извинувал на Вучиќ на состанокот во Брисел

Мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во Брисел на неформалната балканска средба организирана од шефицата на европската дипломатија, разговарал и со српскиот премиер Александар Вучиќ. Според РТС, Заев изразил жалење за изјавите што го „вознемириле српскиот државен врв“, пишува ДНЕВНИК.– Изразив жалење поради невниманието, кое некогаш ние политичарите знаеме да го покажеме пред и во текот на кампањите. Многу често тоа е само невнимание и ние, измајќи ги предвид потребите за заедничка соработка на двете земји, се ракувавме -изјави Заев по неформалната вечера.
Тој додаде дека состанокот е токму поради тоа, односно покрај значењето за европската перспектива, значи и унапредување на соработката помеѓу Србија и Македонија.
Една од изјавите на Заев е дека Србите и Македонците се братски народи, но оти во Србија е на власт „националистичко раководство“ на Александар Вучиќ.
Српскиот премиер, пак, рекол дека не го интересираат навредите што му ги упатил мандаторот за состав на новата македонска влада, порачал дека ќе суди според делата, односно според тоа како Македонија ќе се постави кога ќе биде ставено на ред гласањето за прием на Kосово во членство во УНЕСKО.
Српските медиуми пренесоа дека Заев рекол оти со Вучиќ не разговарал за присуството на српскиот дипломат Горан Живаљевиќ во текот на безредијата во Собранието на 27 април.
– Не разговаравме за тоа. Разговаравме само за соработка. Верувам дека службите на Македонија и на Србија заеднички ќе го решат тоа прашање – изјави Заев.– Изразив жалење поради невниманието, кое некогаш ние политичарите знаеме да го покажеме пред и во текот на кампањите. Многу често тоа е само

Пронајдете не на следниве мрежи: