Почнува расчистувањето на сомненијата за незаконско финансирање на изборната кампања на СДСМ. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се појави на распит во Основното јавно обвинителство.Обвинителството го сомничи за нелегално финансирање на изборната кампања на претседателските избори во 2014-та и предвремените парламентарни избори кои се одржаа лани.
Под истрага на Обвинителството освен Зоран Заев е и едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ.
„Се работи за истрага. За кои дела станува збор не би коментирал, во овој дел од постапката од адвокатот сум поучен дека не треба да зборувам за деталите. Како што знаете, СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај од Државниот закон за ревизија и апсолутно нема никакво сомневање во него“ , рече Заев.
Заев најави дека во среда наредната недела точно на пладне ќе нарават увид во доказите, со цел како што рече да се спреми одбраната и даја докажеле невиноста.
Од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и коруопција за двете истражни постапки кои ги отворија велат дека во истрагите се опфатени високи претставници на министерства и високи функционери во политичка партија.
„Во истражните постапки се опфатени повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи претставници на Министерството за внатрешни работи, на локалната самоуправа и носители на високи функции во одредена политичка партија. Постои основано сомнение дека осомничените како организирани групи го сториле делото преку нудење, давање или ветување подарок или друга корист за да придобијат лица со избирачко право. Влијанието над лицата од две изборни единици имало за цел определен начин на вршење на избирачкото право“, велат од Обвинителството.Обвинителството го сомничи за нелегално финансирање на изборната кампања на претседателските избори во 2014-та и предвремените парламентарни избори