Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, е повикан да се јави на распит во Основното јавно обвинителство под сомнение за изборни измами, односно за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, дознава Нетпрес од извори во истрагата.Информациите на Нетпрес велат дека делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.
Покрај Зоран Заев, на распит во Обвинителството се повикани и лица одговорни за финансиите во СДСМ, како и финансиското работење на партијата.
Сите повикани треба да се јават во Обвинителството утре.
Инаку, пред околу еден месец Основното јавно обвинителство – Скопје соопштени дека има отворено постапка за изборни нерегуларности, уште во текот на 2016 година.
-Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи, беше наведено во информацијата до јавноста на ОЈО.
Оттаму, информираа и дека, како сведоци, биле сослушани повеќе од 70 лица.
Неофицијалните информации на Нетпрес велат дека осомничени за изборни измами во истрагите кои ги води Основното јавно обвинителство се и Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и бившот министер во МВР од редовите на оваа партија, Оливер Спасовски.
Обвинителството ја информираше јавноста дека „спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица“.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.
Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази, информираше Обвинителството, пред околу три недели.
Нашите извори велат дека станува збор за сомненија за нелегално финансирање на кампањата и корупција при изборниот процес, односно купување на гласови или правно влијание врз волјата на гласачите. Првичните сознанија на истражните органи се дека во прашање се илјадници гласови, а што се однесува, пак, до сумите кои фигурираат засега информации велат дека стануба збор за стотици илјади евра. Освен парите, се проверува и поврзаноста и нудењето на разни други услуги во замена за гласови, како условување со вработувања, тендери преку кои потоа се финасирала кампањата и разни активности преку т.н. невладин сектор. Неофицијално, изворите од истрагата за Нетпрес велат дека Вице Заев наводно бил фатен како дели пари на ромското население во Турското маало во Струмица, и дека за тоа имало и докази.
За случајот од 2014 година, медиумите објавија дека Обвинителството одзело компјутери од општината Струмица, за кои се претпоставува дека содржат податоци корисни за истрагата.
Додека за случајот од декември, 2016 година, медиумите објавија дека е извршен претрес во домот на началникот на кумановската полиција.Информациите на Нетпрес велат дека делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање