Заев на средба со турската амбасадорка Кара

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со турската амбасадорка Еркал Кара со која разговараше за текот на процесот за формирање на новата влада во Македонија.На средбата, како што информира СДСМ, Заев изразил очекување дека наскоро ќе го добие мандатот и оти ќе ја формира новата влада.
– Над 612.000 граѓани од сите етнички заедници гласаа за промени и за развој на Македонија во духот на европските демократски вредности. Очекуваме дека во брзо време ќе го добиеме мандатот и дека ќе ја формираме новата Влада на граѓаните на Македонија, рекол Заев. 
Тој посочил дека еден од темелите на нивната програма е Македонија да биде едно општество за сите.
– Ставот на СДСМ е дека само еднакви граѓани на кои ќе им биде овозможен квалитетен начин на живот можат успешно да придонесуваат кон личен развој и кон евроатланските перспективи на Македонија. Горди сме што застанавме зад овој концепт што го поддржаа и граѓаните на изборите. За сите отворени прашања разговараме низ уставните решенија и се надевам дека во многу скоро време Македонија ќе добие одговорна Влада на којашто ќе и бидат приоритет единствено граѓанските интереси, рекол Заев на средбата со турската амбасадорка. На средбата, како што информира СДСМ, Заев изразил очекување дека наскоро ќе го добие мандатот и оти ќе ја формира новата влада.
– Над

Пронајдете не на следниве мрежи: