Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во своето гостување во емисијата 24 Отворено на Телевизија 24 најави дека ќе брка професори и наставници од работа.Заев изјави дека не требало да му се дава приоритет на квантитетот на образованието, дека ќе чинело тоа што професори и наставници ќе останат без работа, но како што рече самиот, „нека чини“.
-Јас се надевам дека многу брзо ќе се осетат политики кои што ќе дадат приоритет на квалитетот на образованието, а не на квантитетот во образованието. Тоа ќе чини, можеби некој ќе остане без работа во делот на професорите во рационалзиација на часовите, но нека чини, изјави Заев.
Додека Заев најавува бркање на професори и наставници од работа, Владата на СДСМ за само 100 дена во образованието создаде хаос, кратејќи 1,5 милијарди денари од буџетот за подобро образование.
-Тоа се 1.5 милијарди денари помалку, за изградба и реконструкција на студентски домови, основни и средни училишта, универзитети, факултети, спортски сали и превод на стручна литература од најдобрите светски автори. Зоран Заев, Рената Десковска и Стефан Богоев одеа помеѓу младите и ветуваа подобар студентски стандард, подобри услови за студирање и квалитетно високо образование, за сега истите тие луѓе од позиција на власт со ребалансот на буџетот, да кратат 213 милиони денари кои беа наменети за изградба и реконструкција на универзитетии факултети. Расипничката влада на СДС и Зоран Заев и Стефан Богоев скрати цели 155 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски домови. Тоа се истите тие Заев и Богоев кои секоја недела одеа во студентските домови и даваа изјави дека таму е катастрофална состојбата, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев изјави дека не требало да му се дава приоритет на квантитетот на образованието, дека ќе чинело тоа што професори и наставници ќе останат без р