Зоран Заев во интервјуто за црногорскиот весник „Побједа“ најавува брзо решавање на спорот за името и брз прием во НАТО. Јавноста во Македонија многу добро знае дека таков брз влез е возможен само доколку Грција биде задоволна од исходот на спорот.Во последното интервју за црногорскиот медиум Побједа, Зоран Заев отворено зборува по прашањето за промена на името на државата да не бидат консултирани граѓаните на Република Македонија.
Имено Зоран Заев за решавањето на спорот за името со Грција вели: “АКО БИДЕ НЕОПХОДНО, ќе ги повикаме (граѓаните) на референдум да одлучат за името на државата во која живеат“.
Во ова своја изјава јавноста наслутува две сериозно опасни тези.
Првата теза е дека граѓаните може и да не бидат консултирани за решението, бидејќи Заев вели „ако биде неопходно“. Втората е дека ќе се разговара за името на државата во која граѓаните живеат, односно дека нема да се разговара за употребата на името за меѓународна или билатерална употреба, туку за името на државата, кое е со Устав уредено.
Оваа последна позиција која ја дава Зоран Заев упатува на стравот дека можно е промена на уставот и уставното име на државата, па дури и граѓаните да бидат заобиколени во тој случај. Со тоа безмалку се става во целост на позициите на Грција кои налагаат промената на името на државата да важи erga omnes, односно и за меѓународна и билатерална употреба, но и промена на името за внатрешна употреба, односно промена на уставното име.
Позначавите велат дека ваквите изјави се директно рушење на позициите на Македонија во спорот и дефакто прифаќање на црвените линии на грчката страна што ќе значат идентитетски проблематизирања на македонскиот јазик и народ.
Шекеринска во 2008 најавуваше влез во НАТО за 6 месеци, а Заев виткање на кичмата.
Радмила Шекеринска во текот на изборната кампања за парламентарните избори во 2008 година гарантираше дека за 6 месеци дека Македонија ќе добие НАТО покана и отпочнување на европксите преговори. Таа тогаш не кажа како тоа планира да го направи, иако сите познавачи јасно посочуваа дека нашата евроатланска интеграција е закочена исклучиво од ветото на Грција и возможно нејзино откочување само доколку се реши спорот за името.
Република Грција изминатите години во неколку наврати потенцираше дека црвените линии на Грција е да се договори ново име на државата со употреба ерга омнес, односно да се користи новото име и за внатрешна и за надворешна употре. Внатрешната употреба само по себе значи дека потребно е промена на уставното име и со тоа на Уставот каде јасно е посочено името на државата во која живеат.
И Зоран Заев во 2008 година во свое интервју најави дека Македонија треба да свитка кичма во спорот за името. јавноста со право загрижено се прашува Дали последното интервју на Зоран Заев значи отпочнување на виткањето на кичмата, загрозување на идентитетот на државата, загрозување на идентитетот и посебноста на македонскиот јазик и народ.
Во последното интервју за црногорскиот медиум Побједа, Зоран Заев отворено зборува по прашањето за промена на името на државата да не бидат консулт