Заев наместо да оди во Росоман кај земјоделците, тој отиде во Софија

Граѓанската опција за Македонија веќе две години предупредува дека во Република Македонија ќе се инсталира марионетска влада, велат од ГРОМ.Задачата на таква влада е да ги урниса македонските национални интереси и да „им заврши“  работа на соседите.
Вчера, претседателот на квислиншката влада Зоран Заев, наместо да оди во Росоман кај производителите на праски кои го фрлаат својот род по улиците затоа што цената на килограм праски е 3 денари, тој отиде во Софија да ги продава македонските национални интереси.
Со еден потез ги помножи со „0“ и Киро Глигоров и Борис Трајковски и „иконата“ на СДСМ Бранко Црвенковски и сите претходни премиери и како „најпаметен“ прифати се што бугарите побараа.
И по сето ова, нормално е Бугарите да го фалат Заев, зашто ваков како него тие бараат од 1944 година наваму.
Господине Заев, со прифаќањето на заедничка историја со бугарија и заедничко славење на празниците им ја потврдувате тезата: „Един народ-две држави“!
За каква заедничка историја зборувате?
Заедно ли ги стрелавме 13-те младинци од Ваташа? Заеднички ли ги мачевме, па потоа стрелавме 19-те селани од село Дабница прилепско? Дали заедно ги убивме во Велес Страшо Пинџур, Мирче Ацев? Заедно ли го фрливме од вториот спрат на полициската станица во Скопје Цветан Димов?  Заедно ли ги убивме водачот на Македонското револуционерно движење Кузман Јосифовски Питу кој е убиен на 800-тини метри оттука?
Кој ги уби браќата Даневи и нивните соселани од селото Долани штипско?
Впрочем, заедно ли ги депортиравме 7.144 еврејски души во Треблинка?
Ние, можеме да зборуваме за национално помирување како што тоа го направија Франција и Германија, но не и за заедничка историја.
Нека повели премиерот на Бугарија Бојко Борисов да се поклони пред споменикот на ваташките младинци, а не пред цар Самоил.
Илинден можеме да го славиме како заеднички верски празник, зашто и Бугарите го слават Свети Илија, но, никако како Илинденско востание!
Што ќе славиме заедничко на Илинден: тоа што Бугарите ги прелажаа илинденците?
„Само вие дигнете востание, ние ќе ви пратиме 100.000 штикови (војници) да помогнат во ослободувањето на Македонија“?!
Заеднички ли ќе треба да ја славиме бугарската измама за да се крене востанието и да бидат убиени најголемите македонски револуционери, за потоа, на нивно место да се инсталираат пробугарските револуционери?
И на крајот прашуваме: Од која историја ќе учат учениците? Кој ќе им ги пишува учебниците? Дали бугарските историчари, а нашите ќе ги прогласиме за фалсификатори?
Зоран Заев – ја отворивте пандорината кутија!Задачата на таква влада е да ги урниса македонските национални интереси и да „им заврши“  работа на соседите.
Вчера, претс

Пронајдете не на следниве мрежи: