Заев наредил уништување на банери во Струмица

Вандали во Струмица доцна синоќа почнале да ги уништуваат предизборните промотивни политички материјали на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.По пример на вандалите кои во Скопје ги сквернавеа спомен обележјата, платените хулигани во Струмица го уништиле централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е носител во четвртата изборна единица.
Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Нивните излози настрадаа, а денес жестоки реакции има и од сопствениците и од струмичани. Тие велат дека во ваква валкана кампања не смее да се вовлегува и дека поразот мора достоинствено да биде прифатен.

 
Во текот на денешниот ден случајот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи, а се очекува техничкиот министер Оливер Спасовски кој е генерален секретар во СДСМ и носител во ИЕ 2 да врши притисок врз началникот на струмичката полиција за инцидентот да биде веднаш расветелен.
Неофицијално, во близина постои безбедносен видео надвор и не би требало да биде проблем за струмичката полиција да ги открие вандалите доколку постои политичка волја.По пример на вандалите кои во Скопје ги сквернавеа спомен обележјата, платените хулигани во Струмица го уништиле централниот банер на претседателот

Пронајдете не на следниве мрежи: