Заев не го вади од уста зборот дебата, а неговиот министер бега од дебати

Зоран Заев беше запрашан на интервјуто на МРТ зошто СДСМ одбива да прати свои претставници на дебатите на ТВ НОВА од уредничката Билјана Василева Трендафилова. Тој најави дека оваа политика на СДСМ ќе се промени и дека секоја влада би сакала да има платформа на која ќе ги искаже своите ставови и проекти.Токму во ова фамозно интервју господинот Зоран Заев зборот дебата го спомена дури 34 пат, а во првата можност за јавна дебата за програмата на новата влада не се појави нејзин претставник. На дебата требаше да гостува Христијан Мицкоски и Кочо Анѓушев. Токму Кочо Анѓушев по последен момент го откажал своето гостување.
Дали причината за откажувањето на интервјуто беа мегаломанските ветувања кои ги имаше новата Влада кон граѓаните како зголемување на минималната плата на 12 илјади денари веќе во првата година. Или пак можеби оправдувањето на најавените повисоки даноци кои ќе ги плаќаат граѓаните.
Кочо Анѓушев уште во самиот старт со неговиот избор ја разбранува јавноста бидејќи на денот кога со својата фирма добил дозвола за производство на струја во мала хидроцентрала бил избран за вицепремиер за економски прашања. Дури во истото издание на службен весник биле објавени и двете одлуки. Судирот на интереси е очигледен во овој случај и советникот во Министерствот за Економија во новата Влада Бранимир Јовановиќ ова го нарече буржоаска игра.
Транспарентноста на Владата како што рече Заев е во споделувањето на своите идеи и проекти со јавноста. Овој пат немаше јавна дебата. Дали новата Власт под транспарентност подразбира само отворање на портите на Владата и на Сообранието?
 Токму во ова фамозно интервју господинот Зоран Заев зборот дебата го спомена дури 34 пат, а во првата можност за јавна дебата за програмата на нова

Пронајдете не на следниве мрежи: