По повеќе од триесет дена масовни протести на стотици илјади македонски граѓани што бараат безусловно отфрлање на тиранската платформа, Зоран Заев упорно одбива да се откаже од планот за разнебитување на Македонија.Луѓето што ги бранат државата и националните интереси ги третира како будали, а повиците за заедничка унитарна Македонија ги смета за „паламудење“. Квислингот, очигледно, е решен до крај да оди спроти волјата на мнозинството Македонци, кои, пак, му ги испорачаа своите барања пред партискиот штаб на „Павел Шатев“. Очекувањата на „чадорот“ и на неговите извршители дека народот ќе се измори и ќе се откаже не се покажаа како точни. Напротив, на улиците од ден на ден има сѐ повеќе луѓе што се решени да живеат во заедничка, а не во поделена Македонија.
За да го намали притисокот врз себе и врз партијата, Заев и Соросовата армија платеници вршат невидена атака врз сите што застануваат во одбрана на Македонија погрдно нарекувајќи ги фашисти, националисти и албанофоби… Но, невозможно е да се одбрани неодбранливото, особено ако неговите посакувани коалициски партнери од албанскиот блок секојдневно на големо ги споделуваат деталите од тиранската платформа.
Еден од последните во низата албански политичари што зборуваат отворено за барањата од платформата беше пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, кој од собраниската говорница директно соопшти: коалициските партнери на Заев бараат новата влада да ги прогласи Албанците за државотворна нација, да воведе целосна двојазичност и да го официјализира албанскиот јазик на целата територија, да изгласа резолуција за геноцид над албанското население, да го промени името на државата за брза интеграција во ЕУ и во НАТО, да се променат химната, знамето и грбот… Претходно неговиот сопартиец Артан Груби, во дебатна емисија изјави дека „на сите им било јасно дека без промена на името не можело да се направи чекор кон Европската унија и кон НАТО“. Портпаролот на ДУИ, пак, Бујар Османи неколку пати досега потврди дека Зоран Заев ја прифатил тиранската платформа и дека има договор за целосната двојазичност, двојазични банкноти, резолуцијата за геноцид… Не помалку скандалозни се изјавите и на помалиот коалициски партнер Зијадин Села. Тој прво го негираше македонскиот идентитет, а потоа отворено се закани дека ако не се редефинира Македонија во бинационална држава, Албанците ќе формирале федерација.
Место јасно и гласно да ја отфрли платформата и да се огради од радикалните ставови на своите коалициски партнери, Заев упорно глуми лудило во стилот на Љубе Бошковски и се обидува да ја убеди македонската јавност дека имал „македонска жичка“ преку рецитирање некаква поезија. И мисли дека некој му верува. Абе, будала работа!
Во очајните стихови се жали дека некој „му ја чепка македонштината!“ Се прашувам само кој ли му ги пресече жичките кога зборуваше за грдото лице на Македонецот? Или во тие моменти доживеа краток спој? Можеби вистинската македонштина ја покажа кога порача дека треба да ја свиткаме „кичмата“ за името? А кој во име на Заев „чесно призна“ пред целата јавност дека не му личи да биде патриот? Кој ли му ја чепка македонштината кога ги оцени како „големи грешки“ коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и во Струга и поддршката на Законот за бранители? Македонштината во него ли го натера да каже дека СДСМ веќе не е македонска партија? И, конечно, зошто воопшто се обидува да докаже некому дека има македонска жичка, кога уште пред четири години самиот кажа дека „народот не очекува од него да изигрува патриот“. Ептен будала работа!
Соросовите платеници мака мачат да ги оправдаат парите на спонзорите (кои, патем, се сопственост на американските даночни обврзници). Пустите, не знаејќи како да го вадат од изметот во кој е заглавен до гуша, се претворија во фабрика за лажни вести ширејќи дезинформации и гола пропаганда.
Наивно е да се очекува дека во овој момент што било може да го одврати народот од улиците, освен целосно повлекување на платформата и распишување нови избори. Уште понаивно е да се очекува некој да поверува во „паламудењата“ дека Тиранската платформа е измислица на ВМРО-ДПМНЕ, додека нејзиното постоење се потврдува секојдневно во безброј наврати.
Со оглед на убеденоста на Заев дека ја ужива поддршката кај граѓаните не треба да му биде проблем да извојува сигурна победа на брзи предвремени избори на кои истовремено може да добие пас од мнозинството за целосно спроведување на платформата. Во периодот што следува ќе има можност да го убедува народот во искрените намери и ќе добие јасен одговор изразен во гласови.
Секое друго сценарио, кое предвидува формирање влада без мандат од претседателот и насилно спроведување на тиранската платформа без одобрение од мнозинството Македонци, остава можност народот да биде принуден да ја преземе контролата над институциите во свои раце сѐ додека политичарите не научат да ја почитуваат неговата волја. Верувам дека Заев и неговите налогодавци знаат што значи тоа.
Токму затоа залудни се стиховите на Заев, залудни се навредите на Соросовите платеници кон луѓето што протестираат, залудни се сите дезинформации и пропаганда, залудни се заканите на нивните надворешни пријатели кон претседателот Ѓорге Иванов… Народот знае како да ја заштити државата и нема да се повлече од улиците додека предавникот не се откаже од предавството!
Заев, вели будала работа било да се верува во сево ова, народот, пак, вели, будала работа било Заев да верува дека ќе му поминат лагите!Луѓето што ги бранат државата и националните интереси ги третира како будали, а повиците за заедничка унитарна Македонија ги смета за „паламу