Откако најпрво од собраниската говорница денеска повика на „Пуч“ и избор на нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од собранискиот деловник и процедура, спротивно на Уставот, веднаш потоа лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди дека не се откажува од двојазичноста и го најави законот за јазици.-Точно е дека ќе има Закон со кој ќе се унапреди употребата на јазиците на албанската етничка заедница и на другите етнички заедници, рече Заев на прес-конференција во Собранието и додаде дека тоа ќе било согласно практичната потреба на граѓаните Албанци.
Во првата точка од Платформата од Тирана, која Заев ја прифати се бара македонскиот јазик да не биде единствен официјален јазик во Република Македонија и се барацелосна јазична еднаквост на целата територија на Македонија, односно Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија.
– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија, стои во првата точка од Тиранската палтформа.-Точно е дека ќе има Закон со кој ќе се унапреди употребата на јазиците на албанската етничка заедница и на другите етнички заедници, рече Заев на